ПОВИК ЗА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРАКТИКАНСКА ПРОГРАМА

Во склоп на компонентата за „овозможување економска независност за младите жени и девојки“ во рамки на проектот „МладиХаб – Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија“, Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот.

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

Практикантската програма ќе обезбеди финансиски надоместок за 30 млади лица кои сакаат да поминат низ двомесечна практикантска програма. НМСМ ќе ги мапира правните субјекти кај кои пријавените практиканти може да ја извршуваат праксата, имајќи ги предвид преференците на правните субјекти и интересите на практикантите. За учеството во практикантската програма со избраниот практикант НМСМ ќе случи двомесечен договор кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни. Практикантството може да се реализира од 1 декември 2023 до 31 јануари 2024 година, и двомесечната практикантска работа мора да биде непрекината.

ПОВИК ЗА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРАКТИКАНСКА ПРОГРАМА

Во склоп на компонентата за овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти), Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот. На овој начин, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти кои сакаат да работат со практиканти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект.

ПОВИК ЗА ПРАКТИКАНТИ

Практикантската програма ќе обезбеди финансиски надоместок за 100 млади лица кои сакаат да поминат низ двомесечна практикантска програма. НМСМ ќе ги мапира правните субјекти кај кои пријавените практиканти може да ја извршуваат праксата, имајќи ги предвид преференците на правните субјекти и интересите на практикантите. За учеството во практикантската програма со избраниот практикант НМСМ ќе случи двомесечен договор кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни. Практикантството може да се реализира од јули до крајот на 2023 година, но двомесечната практикантска работа мора да биде непрекината.

Повик за изработка на CareerHub мобилна апликација

Националниот младински совет на Македонија – НМСМ, во рамки на проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“, објавува повик за дизајнирање и изработка на мобилна апликација за поврзување на лица кои бараат работа, практиканство или волонтерство со компании.

Повик за учество во програма за кариерно советување

Преку програмата за кариерно советување, проектот ќе обезбеди поддршка на млади лица кои се во дилема за изборот на кариера, изборот на факултет, изборот на професија но и за оние млади кои веќе имаат успешна кариера но сакаат промена.

Повик за бесплатни сесии со психолог

По повод месец мај - месец за подигнување на свеста за менталното здравје, покрај работилниците за ментално здравје, во соработка со платформата Разговор.мк, решивме да овозможиме по 3 бесплатни сесии со психолог на 20 млади лица.

Повик за работилници за грижа за менталното здравје

Оваа година решивме да го одбележиме со неколку работилници кои имаат за цел да им помогнат на младите директно да се справат со одредени предизвици со кои можеби се соочуваат или ќе се соочат во иднина. Работилниците се наменети за млади лица на возраст од 15 – 29 години.

Ресурси за социјални претприемачи

Кои ресурси постојат за социјални претприемачи? Доколку имате идеја за социјално претријатие, но не знаете каде да се обратите, постојат неколку центри и институции кои функционираат на национално и на регионално ниво кои даваат поддршка за нови стартапи и социјални претпријатија.

Кои се мерките за млади кои ги содржи новиот оперативен план на Агенцијата за вработување ?

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија неодамна го објави Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.

Што е Социјално претприемништво?

Последните неколку години постои растечки тренд во корпоративната општествена одговорност, нови врсти на социјално инвестирање, како што е импакт инвестирањето и основањето на нови социјални и еколошки претпријатија.

Како да напишете добро мотивациско писмо?

Секогаш кога кандидирате за работа, заедно со CV-то, треба да испратите одлично мотивационо писмо. Не заборавајте дека овие два документи за аплицирање ви се “влезниот билет ” за понатамошниот процес на селекција. Токму затоа, со вас ги споделуваме трите најважни чекори кои ќе ви помогнат да напишете добро мотивациско писмо кое ќе ви помогне да ја добиете работата за која аплицирате.

Со настан за вмрежување и концерт ќе се отвори новата МладиХаб канцеларија во Штип

Во рамки на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” на 29ти март во Штип ќе се отвори првата регионална МладиХаб канцеларија. За време на настанот предвидено е да се реализираат повеќе активности за вмрежување, додека истиот ќе завшри со настап во живо на бендот „The Ringtones“.

6 совети кои ќе ви помогнат да напишете подобро CV

Вашето CV е многу повеќе од парче хартија, а сега се почесто и онлјан документ. Тоа е вашиот “влезен билет ” за понатамошниот процес на селекција. Документ од кој работодавачот треба да го добие првиот впечаток за вас за да процени дали сте вистинската личност за одредена компанија. Затоа вреди да одвојте половина час - еден час повеќе, да вложите напори да го приспособите вашето CV сè со цел значително да ги зголемите шансите да го поминете натпреварот, а нашите совети ќе ви помогнат во таа цел.

10 Совети за успех во барањето на работа

Барањето на работа понекогаш знае да биде навистина исцрпувачки процес. И кога мислите дека го имате совршеното мотивациско писмо, сепак сè уште не доживувате успех на пазарот на труд. Иако ова може да биде обесхрабителна ситација, факт е дека постои голема конкуренција на пазарот на труд. Во време на брзорастечки промени , треба да направите многу повеќе отколку да испратите пристојно мотивациско писмо и да пристигнете на време на интервјуто за да се издвоите од топлата. Но, не грижете се, ние сме тука да Ви помогнеме. Во продолжение споделуваме 10 нешта што можете да ги направите, а кои ќе ви помогнат побрзо да се вработите.

Како да аплицираш за мерките Економија на грижа на АВРМ?

Во моментов има една активна мерка од Агенција за вработување во областа на Економија на грижа наменети за физички и правни лица. Прочитајте какви обуки нудат мерките и кои се условите и процедурата за аплицирање.

Во Скопје се одржа првиот Регионален младински саем за вработување

На 28.02.2022 со почеток во 10:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа првиот Регионален младински саем за вработување. На саемот се претставија повеќе од 30 компании од различни индустрии, меѓу кои ИТ, маркетинг и односи со јавноста, човечки ресурси, трговија и продажба, како и неформално образование. Настанот беше посетен од повеќе од 150 млади лица на возраст од 18 до 29 години кои бараат работа. Регионалниот младински саем за вработување се реализираше во рамки на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

Регионален младински саем за вработување: Најчесто поставувани прашања

Сакате да се пријавите за Регионалниот младински саем за вработување, но имате прашања? Во прилог се одговорите на најчесто поставуваните прашања на младите и компаниите во однос на саемот.

5 причини зошто да учествувате на саем за вработување

Саеми за вработување се настани на кои присуствуваат компании кои имаат отворени работни позиции со цел да ја промовираат својата работа, култура и можностите кои ги нудат. Ваквите саеми се посетувани од индивидуалци кои во моментот бараат нова работа, како и нови можности за развојот на нивната кариера. Саемите за вработување имаат доста различна динамика од типчните средби помеѓу работодавачи и баратели на работа. Токму затоа, овие настани носат и многу предности за барателите на работа. Во продолжение, издвојуваме 5 причини зошто да учествувате на саем за вработување.

Повик за правни субјекти за учество на Регионален младински саем за вработување

Во склоп на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” ќе се одржи Регонален младински саем за вработување. Саемот ќе се одржи на 28.02.2022 (понеделник) од 10:30 до 15:30 часот во Скопје (местото на одржување ќе биде објавено наскоро). Регионалниот младински саем ќе биде зборно место на повеќе компании од регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Повик за млади лица за учество на Регионален младински саем за вработување

Во склоп на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” ќе се одржи Регонален младински саем за вработување. Саемот ќе се одржи на 28.02.2022 (понеделник) од 10:30 до 15:30 часот во Скопје (местото на одржување ќе биде објавено наскоро). Регионалниот младински саем ќе биде зборно место на повеќе компании од регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Што претставува Гаранцијата за млади?

Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по евидентирањето како невработени лица во Агенција за вработување.

Активни мерки на Агенцијата за вработување

Дознајте повеќе за трите мерки на Агенцијата за вработување кои се активни во моментов: 1. Обука на работно место за познат работодавач 2. Обуки за побарувани занимања 3. Шеми за практиканство наменети за млади лица (до 29 години)

Повик за млади лица за учество во младински Techathon

Во склоп на проектот ќе се одржи дводневен младински Techathon организиран од страна на Youth Empowerment Platform Gostivar и Co-work Gostivar на тема “Innovative Youth Entrepreneurship Idea”, што има за цел да им помогне на заинтересираните млади лица да ги развијат своите креативни и иновативни бизнис идеи во оваа област. Настанот е наменет за потенцијални млади претприемачи кои преку тимска работа ќе развијдат различни иновативни решенија од областа на бизнис и технологија. Сите учесници за време на хакатонот ќе добијат поддршка од 5 искусни ментори кои ќе им помагаат низ процесот на развивање на решенија.

Повик за тутор за млади лица од областа на дигиталниот маркетинг

Преку програмата за туторство, проектот ќе обезбеди поддршка на млади лица за практична примена на нивните вештини за дигитален маркетинг стекнати во рамки на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“. На овој начин, програмата ќе им помогне на младите да почнат да го градат своето професионално портфолио и ќе им обезбеди можност да работат на реален проект со поддршка од истакнати професионалници во областа. Проектите на учесниците во програмата треба да резултираат со алатки и продукти (стратегии за дигитален маркетинг и промоција или кампањи) кои ќе ги користат младински организации од земјата. Продуктите треба да бидат финализирани до крајот на јануари 2022 година. За потребите на оваа програма, Националниот младински совет на Македонија отвора повик за ангажирање на 1 експерт (тутор) кој ќе биде одговорен за обезбедување насоки и професионална поддршка на 4-6 учесници во програмата за туторство.

Повик за учество во младинска акцелераторска програма

Акцелераторската програма е наменета за потенцијални млади претприемачи кои размислуваат да започнат сопствен бизнис (стартап) или за новоосновани младински стартапи кои имаат интерес да ги развијат своите услуги и својот бизнис. Сите учесниците во оваа програма ќе добијат менторска поддршка за утврдување конкретни начини за решавање проблеми, како и широк спектар на можности за поврзување со други претприемачи, инвеститори, партнери и соработници. Програмата ќе вклучи и обука за претставување на бизнис идејата, а ќе заврши со демо ден, каде стартапите ќе се презентираат пред потенцијални инвеститори.

Повик за тутори за млади лица кои работат на дигитални проекти

Преку програмата за туторство, проектот ќе обезбеди поддршка за 30 млади лица за практична примена на нивните дигитални вештини стекнати во рамки на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“. На овој начин, програмата ќе им помогне на младите да почнат да го градат своето професионално портфолио и ќе им обезбеди можност да работат на реален проект со поддршка од истакнати професионалници во областа.

Повик за учество во програма за кариерно советување

Програмата за кариерно советување ќе ги развие вештините за барање и наоѓање соодветно работно место на млади лица. Преку оваа програма, проектот ќе им помогне на младите да станат поконкурентни на пазарот на труд со поддршка од професионалци со долгогодишно искуство во областа кариерно советување.

Повик за учество во програма за ментално здравје

Преку компонентата за обезбедување поддршка за млади при вклучување на пазарот на трудот и можности за нивен личен и професионален развој за 100 млади лица ќе се обезбеди пристап до професионалци од областа на ментално здравје. Имајќи го на ум ефектот кој што КОВИД-19 го има врз младите лица, идејата е преку ваквите сесии со психолози на младите да им се обезбеди дополнителна поддршка која ќе им помогне за нивниот професионален и личен развој.

Комуникација во дигиталниот свет

Во денешниот дигитален свет, начинот на кој комуницираме драстично е променет. Се повеќе и повеќе, комуникацијата зависи од технологијата. Затоа, вашата способност за ефикасна комуникација никогаш не била толку критична. На пример, размислете за фреквенцијата и начините што ќе ги изберете за комуникација.

Пуштена во употреба CareerHUB платформата

CareerHub можат да ja користат лица кои се во потрaга по работа, хонорарен, волонтерски или практикантски ангажман и сакаат да се вклучат во дигиталната економија, како и организации, институции и компании кои нудат вакви ангажмани. Користењето на платформата е бесплатно.

Важноста на општокорисната работа за развој на студентите

Како општокорисната работа ви помага да бидете поразвиен студент. Веројатно може да се поистоветите со студент од прва година кој не е сигурен за својата иднина. Помеѓу 20% и 50% од студентите започнуваат на универзитет неопределени и 75% ќе ја сменат својата насока барем еднаш пред дипломирањето (Гордон, 1995).

МладиХаб повторно е отворен!

МладиХаб повторно ги отвора своите врати! Ќе работиме со скратено работно време од 10 до 15 часот. Ве очекуваме и ќе ве замолиме да ги почитувате здравствените мерки пред да не посетите.