Е-книга со стрипови: Од уметност кон родова еднаквост Кое е твоето чудо!?

Оваа е-книга ги содржи стриповите кои учетвуваа на стрип натпреварот насловен Од уметност кон родова еднаквост Кое е твоето чудо!?. Делата кои ги гледате овде се креирани од: Сара Ангеловска, Менче Здравкова, Славица Панева, Ивана Лазаревска, Елена Здравковски, Јана Марковиќ, Магдалена Марјановиќ, Аника Божиновска, Душица Димитровска, Марија Стојановска, Тамара Гашева, Ана Куновска, Теодора Куновска, Гаја Смилевска, Ангела Петрушевска, Лили Ана, Иван Коминовски, Антонела Митева и Габриела Лозаноска. 

 

Прирачник за ментално здравје за млади: Препознавање предупредувачки знаци

Прирачникот за ментално здравје има за цел да им помогне на младите да се информираат за најчестите предизвици поврзани со препознавањето предупредувачки знаци, како и да им понуди практична помош при справување со истите.

Прирачник за ментално здравје за млади: Траума

Прирачникот за ментално здравје има за цел да им помогне на младите да се информираат за најчестите предизвици поврзани со траумата, како и да им понуди практична помош при справување со истата.

Анализа на родовите (не)еднаквости низ призмата на младите во Северна Македонија

Во Република Северна Македонија има недостаток од истражувања за ставовите на младите лица во однос на родовата еднаквост. Оваа студија се фокусира на родовата сензибилност на младите, односно родовите стеротипи и предрасуди кои ги имаат младите лица и нивното влијание врз зајакнувањето на родовите нееднаквости во општеството.

Во студијата се прави обид да се оцени степенот на препознавањето на родовите нееднаквости во секојдневното живеење од страна на младите лица, како и да се разберат нивните ставови, перцепциите и мислењата за положбата на жените, мажите и небинарните родови идентитети во Република Северна Македонија.