Анализа на родовите (не)еднаквости низ призмата на младите во Северна Македонија

Во Република Северна Македонија има недостаток од истражувања за ставовите на младите лица во однос на родовата еднаквост. Оваа студија се фокусира на родовата сензибилност на младите, односно родовите стеротипи и предрасуди кои ги имаат младите лица и нивното влијание врз зајакнувањето на родовите нееднаквости во општеството.

Во студијата се прави обид да се оцени степенот на препознавањето на родовите нееднаквости во секојдневното живеење од страна на младите лица, како и да се разберат нивните ставови, перцепциите и мислењата за положбата на жените, мажите и небинарните родови идентитети во Република Северна Македонија.