ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА И МЛАДИТЕ ЖЕНИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Проектот „Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Стела Нетворк, Скопје. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје. Главна цел на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да станат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот на земјата, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво. Проектот ќе развие и креира комуникациски производи насочени кон јазот во родовата нееднаквост за општата јавност, едуцирајќи ја јавноста да биде свесна за родовите пристрасни улоги, норми и ставови.

Онлајн платформа за барање на работа

Барањето на работа никогаш не било полесно. Преку Платформата за барање на работа на МЛАДИ ХАБ можете да најдете работа или ангажман врз основа на вашите дигитални вештини.

00/00

Последни новости и настани

ПОВИК ЗА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРАКТИКАНСКА ПРОГРАМА

Во склоп на компонентата за „овозможување економска независност за младите жени и девојки“ во рамки на проектот „МладиХаб – Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија“, Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот.

Програми

Успешни приказни

Јас сум Марија Башеска и учествував во програмата за практиканство на МладиХаб. Со задоволство би учествувала на ваква или слична програма повторно. Вакви искуства даваат тврди вештини што остануваат со вас засекогаш, но и преглед во потенцијална идна кариера што може да ве информира дали сакате дополнително да се вложите или да барате нешто малку поразлично.

Јас сум Леона Вулетиќ, студент по право на Правен факултет при УГД. Учествував во програмата за практиканство спроведена од МладиХаб. Благодарение на програмата на МладиХаб се здобив со големо знаење и вештина која сметам дека е од огромно значење за моето образование и идна професија. Се запознав со многу нови и за мене предходно непознати работи, многу нови личности и нови искуства. Секојдневно извршувајќи ги редовните задачи, сфатив дека со помош на програмата добив голема желба и мотивација да продолжам понатаму, за да можам по завршувањето на студиите да ја работам работата што ја сакам.

Јас сум Сабрије Тефики од Тетово. Имам 24 години и сум Магистер по образовна психологија. И покрај различните фактори во нашата држава кои можат да не обесхрабрат, програмата за кариерно советување ми помогна да се уверам дека потојат многу можности и широк избор за кариера. По завршувањето на програмата, работам во повеќе насоки и со огромна страст бидејќи учеството во оваа пргограма ми помогна да разберам дека животот е процес на постојано учење.

Да останеме во контакт

Претплати се за да бидеш во тек со настаните и новостите на МладиХаб.

 
 
Се согласувам мојата email адреса да биде зачувана и да се користи за да добивам известувања на email