Поддршка на МладиХаб

Учесниците во Програмата за општо-корисна работа и обуки за дигитални и бизнис вештини продолжуваат со поддршка на активностите на проектот. Токму тие се грижат за преведување на информативните содржини на англиски и на албански јазик. Благодарение на нив, допираме до младите од целата земја, им обезбедуваме пристап до обуки и ги вклучуваме во општо-корисни активности.