Во која од програмските активности на МладиХаб учествувавте и зошто одлучивте да се пријавите?

Јас сум Леона Вулетиќ, студент по право на Правен факултет при УГД. Учествував во програмата за практиканство спроведена од МладиХаб, за која дознав од социјалните мрежи и истата ја спроведував во канцелсријата на Нотар Марија Барзова. Се одлучив на таков чекор сметајќи и надевајќи се дека ке има огромен придонес за мојот личен и професионален развој, кој се разбира даде позитивни резултати.

 

Какво беше вашето искуство за време на програмата и како ви помогна за вашиот личен и професионален развој?

Иако, се’ уште сум во процес на образoвање, сметам дека ваквите програми се од големо значење за нас студентите, бидејќи праксата секогаш треба да оди заедно со учењето. Благодарение на програмата на МладиХаб се здобив со големо знаење и вештина која сметам дека е од огромно значење за моето образование и идна професија. Се запознав со многу нови и за мене предходно непознати работи, многу нови личности и нови искуства. Секојдневно извршувајќи ги редовните задачи, сфатив дека со помош на програмата добив голема желба и мотивација да продолжам понатаму, за да можам по завршувањето на студиите да ја работам работата што ја сакам.

 

Дали повторно би биле дел од ваква програма и што имате да им порачате на младите во однос на учествување во вакви програми?

 Без двоумење повторно би учествувала во ваква програма, а на сите други млади и студенти, од срце им ја препорачувам истата, знаејќи од лично искуство дека ке резултира со огромен развој и искуство. Заедно со МладиХаб и програмата за практиканство можете да се доближите многу повеќе до професијата за која сте одлучиле да студирате и се разбира да бидете сигурни дека сте го одбрале вистинскиот пат. Благодарам МладиХаб што имавте голем придонес во моето лично и професионално развивање.