Политика за приватност на личните податоци на веб-страната mladihub.mk

Политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата го уредува начинот на кој mladihub.mk ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (поединечно – „Корисник“) на mladihub.mk веб-страницата („Страна“). Оваа политика за приватност се однесува единствено за веб-страницата. 


Кои информации ги собираме?
mladihub.mk ги собира следниве податоци при посета на страницата:
 
Лични идентификациски информации
Преку формуларите за пријавување на обуки ние собираме лични идентификациски податоци за пријавените лица за посета на обуките. Овие потатоци се за потребите на проектот и до нив имаат пристап само проектните партнери и донаторот. Ние ги собираме овие податоци од корисниците само доколку тие самите ги внесат истите во формуларите. Податоците ќе бидат третирани доверливо и нема да бидат проследувани до трети страни или ќе се користат за друга намена.
 
Идентификациски информации што не се лични
Ние може да собираме и идентификациски информации за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат страницата. Идентификациските информации што не се лични може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата и слични информации. Ваквите податоци ќе бидат третирани доверливо и нема да бидат проследувани до трети страни и нема да се користат за друга намена. 
 
Колачиња на пребарувачот на интернет
Нашата страница може да користи колачиња за да се подобри корисничкото искуство. Пребарувачот на интернет на корисникот ги чува колачињата на неговиот компјутер заради цели на чување записи за посетите на страницата. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога ќе се пратат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
 
Аналитика на Google
Страницата користи аналитика на Google за да помогне во анализа на начинот на користење на страницата од корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на страницата (вклучително и IP адресата) се проследуваат до Google. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на страницата од корисниците и за да се направат статистички извештаи за активноста на страницата.

Ние нема (ниту ќе им дозволиме на третите страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или за собирање на кои било лични идентификациски податоци на корисниците на нашата страница. Google нема да ја придружи вашата IP адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во Google. Ниту mladihub.mk ниту Google нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе IP адресата со идентитетот на корисникот.

 

Како ги користиме собраните информации?

Mladihub.mk ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели:

•   За подобрување на нашата страница

Постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата страница базирано на повратните информациите што ги добиваме од вас.

•   За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата

•   Закомуникација и организација на обуките за дигитални вештини и поврзани информации.

 
Како ги штитиме вашите информации?
Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница.
 
Обработка на вашите лични информации
Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме корисничките лични идентификациски информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.
 
Веб-страници на трети лица
Корисниците може да најдат реклами или друга содржина на нашата страница, кои водат кон други страници и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, фирми со лиценца и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страници и не сме одговорни за постапките на вработените од страниците што се поврзани кон или од нашата страница. Дополнително, наведените страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страници или сервиси може да имаат сопствена политика за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебна политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со кој било друга страница, вклучувајќи ги страниците што имаат врски кон нашата страница е предмет на конкретните правила и политика на односните страници.
 
Политика за приватност на личните податоци само за веб-страницата
Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите што се собираат преку нашата веб-страница и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.
 
Промени во политиката за приватност на личните податоци
mladihub.mk има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обрнуваме внимание на корисниците често да ја проверуваат оваа страница за какви било измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци што ги прибираме. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова/нејзина одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.
 
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате со политиката, ве молиме не користете ја нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.