Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” е финансиран од Британската амбасада во Скопје, а го спроведува Националниот младински совет на Македонија.

Проектот има за цел да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

  • Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;
  • Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и
  • Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за нивен личен и професионален развој.