Што е Програмата за ментално здравје?

Имајќи го предвид огромното влијание на COVID-19 пандемијата врз менталното здравје на млдите, во рамки на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите" се реализираше Програмата за ментално здравје чиј фокус е ублажувње на негативните ефекти кои пандемијата и динамиката на живеење ги имаат врз менталното здравје на младите, како и градење на поголема самодоверба кај младите што би придонело за нивниот личен и професионален развој. 

Кои активности се предвидени во рамки на програмата?

Главниот фокус на програмата е овозможување на психолошка поддршка преку бесплатни индивидуални и групни сесии со психолог. Во рамки на оваа активност поддржани се повеќе од 200 млади лица кои:

  • имаат тешка и трајна попреченост поврзана со нивното ментално здравје;
  • се на возраст од 16-29 години.

Приоритет имаат учесници кои доаѓаат од рурални средини, млади во ризик, ризик од сиромаштија, имаат здравствено осигурување, млади од NEET, се долгорочно невработени.

Прирачник за ментално здравје за млади

Во рамки на Програмата за ментално здравје се изработија три прирачници со фокус на депресија, анксиозност и панични напади и стрес. Прирачниците се напишани од стручни лица и имаат за цел да им помогнат на младите подобро да се информираат во однос на овие предизвици и да се стекнат со практично знаење кое ќе им помогне при справување со истите.
Прирачниците во пдф и аудио формат можете да ги преземете на линковите подолу:

Услуги за ментално здравје - интерактивна мапа

Имајќи ги на ум сите предизвици со кои младите се соочуваат секојдневно, подготвивме интерактивна мапа со сите бесплатни и платени услуги за ментално здравје кои стојат на располагање за младите на ниво на целата територија, и се обезбедени од страна на  општините, здруженијата на граѓани, приватниот сектор и останати даватели на социјални услуги.
Во продолжение е достапна мапата каде наведени граѓански организации (означени со сино) и јавни (означени со зелено) и приватни (означени со црвено) институции кои нудат услуги за ментално здравје, дел од кои се бесплатни. 

Made with Padlet

Поврзани содржини

Прирачник за ментално здравје за млади: Препознавање предупредувачки знаци

Прирачникот за ментално здравје има за цел да им помогне на младите да се информираат за најчестите предизвици поврзани со препознавањето предупредувачки знаци, како и да им понуди практична помош при справување со истите.