Во рамки на програмата за ментално здравје се изработија три self-help прирачници со фокус на депресија, анксиозност и панични напади и стрес.
Целта на овие прирачници е да им помогнат на младите подобро да се информираат за најчестите предизвици со грижата за ментално здравје, како и да понудат практична помош при справување со овие чувства и состојби.
Прирачниците во пишан формат може да ги преземете бесплатно на нашата веб страна, а со цел содржините да бидат подостапни за сите, истите од сега се и достапни во аудио формат.
Прирачниците во аудио формат се достапни на линковите подолу.
Имајќи го на ум влијанието кое пандемијата го имаше врз менталното здравје на младите во однос на нивното ментално здравје, покрај изработка на прирачниците оваа проектна програма овозможи и бесплатни индивидуални и групни сесии психолог за повеќе од 150 млади лица.
Програмата се реализираше во рамки на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.