Моето искуство со МладиХаб беше одлично . Јас, Елена Јолдеска присуствував на обуката за комуникациски вештини и јавно говорење. Мојата општокорисна работа беше во Љубезност.

Моето искуство со МладиХаб беше продуктивно и едукативно. Јас, Горан, присуствував на обуката за Exel / Word / PowerPoint. Мојата општокорисна работа беше помош за вдомување на домашни миленици.

Моето искуство со МладиХаб беше супер. Јас, Арсов Трајче присуствував на обуката за Front-End Web-Developer. Мојата општокорисна работа беше преведување на текстови од англиски на македонски јазик според потребите на Млади Хаб.

Моето искуство со МладиХаб беше прекрасно, пред се запознав пријатели со кои се сретнавме и на друга зимска школа, но, она што најмногу ми остави впечаток беше професионалноста на вработените, односно одговорните за овој проект, како и професионалците кои ги одржаа обуките.

Моето искуство со МладиХаб беше одлично и над очекувањата. Јас, Ивана Ѓорѓевска присуствував на обуките за Изработка на бизнис-план, Вовед во HTML&CSS и обуката за Microsoft Office пакетот

Моето искуство со МладиХаб беше пријатно и продуктивно, членовите на МладиХаб беа професионални и пристапни, нешто што сметам дека е за огромен поздрав. Јас, Аврам Ќипровски присуствував на обуката за „Front-End Web-Development“, каде се изучуваа клучни технологии за полето. Мојата општокорисна работа беше да помагам при местење на просторот, производите и воопшто околу обврските за време на настанот „Green love“.

Моето искуство со МладиХаб беше одлично. Јас, Ивона Ристовска присуствував на обуката за Front-end Web-development. Мојата општокорисна работа беше превод на материјали за потребите на непрофитна организација.

Моето искуство со МладиХаб беше супер. Јас, Валентин Видовиќ присуствував на обуката за Photoshop. Мојата општокорисна работа беше правење на храна за бездомниците.

Моето искуство со МладиХаб беше супер!. Јас, Петар присуствував на обуката за Фронт-енд девелопмент. Мојата општокорисна работа беше спремање храна со Ретвитни Оброк.

Моето искуство со МладиХаб беше супер. Јас, Стефан присуствував на обуката за Основи на кодирање. Мојата општокорисна работа беше во ,,Ретвитни оброк,“ - готвење и пакување на оброци.

Моето искуство со МладиХаб беше ОДЛИЧНО! Јас, Александра Јанкоска присуствував на обуката за Ms Office пакетот. Мојата општокорисна работа беше креативна изработка на маски за заштита, од актуелниот вирус, од рециклирани материјали.

Моето искуство со МладиХаб беше супер. Јас, Ангела Петковска присуствував на обуката SEO - Search Engine Optimization. Мојата општокорисна работа беше изработка на скулптура од рециклирани материјали.

Моето искуство со МладиХаб беше многу забавно и корисно. Јас, Борјана Арсова, присуствував на обуките Анализа и статистика на податоци во MS Excel со примена на Pivot Table и IT безбедност. Мојата општокорисна работа беше превод на материјали од македонски на англиски јазик во областа на зелени работни места како поддршка на НВО Биди зелен, и изработка на заштитна маска.

Моето искуство со МладиХаб беше поучно и едукативно. Јас, Александра Арсова присуствував на обуката за SEO и ИТ Безбедност. Мојата општокорисна работа беше преведување на текст од македонски на англиски и изработка на заштитна маска.

Моето искуство со МладиХаб беше одлична. Јас, Станиша Станковиќ присуствував на обуката „Реламирање на Facebook & Instagram“. Мојата општокорисна работа изработка на заштитна маска.

Моето искуство со МладиХаб беше одлично. Јас, Кристина Ласкова, присуствував на обуката за Дигитален маркетинг и за Продажни вештини. Мојата општокорисна работа беше превод и изработка на медицинска маска.

Јас, Гоше Николов присуствував на обуките за Wordpress, Вовед во HTML, SEO, а во моментов ја следам обуката за Adobe Photoshop. Општокорисната работа која ја извршив за да се стекнам со правото да ги следам обуките беше пишување на статија/текст заНовинската агенција „Мета.мк“, која е еден од соработниците на МладиХаб.

Моето искуство со МладиХаб беше уникатно и многу позитивно. Јас, Иван Дургутов, присуствував на обуката за Adobe Photoshop. Мојата општокорисна работа беше учество во акција за делење храна за наши сограѓани кои се бездомни лица.

Моето искуство со МладиХаб беше навистина корисно . Јас, Илинка Ставрова присуствував на обуката ИТ безбедност. Мојата општокорисна работа пишување на текст со совети за ИТ безбедност.

Моето искуство со МладиХаб е многу позитивно во секоја смисла на зборот, почнувајќи од комуникацијата, па сè до организацијата на обуките и спроведувањето на истите. Јас, Даниела Нестороска, присуствував на три од понудените обуки: дигитален маркетинг во соработка со Brainster, продажба и продажни вештини во соработка со економски факултет и анализа и статистики на податоци во MS Excel во соработка со СЕМОС едукација. Мојата општокорисна работа беше превод на истражување од македонски на англиски, изработка на заштитна маска и чистење на три јавни површини во мојот град.

Јас сум Стефан и учествував во програмата за практиканти спроведена од МладиХаб. Програмата за практиканти топло ја препорачувам на сите млади лица кои сакаат да се развијат во област која им е можеби нецелосно позната и јасна. Сметам дека истата е одличен почеток за да се доближат до таа конкретна област и да добијат идеја која може да ја промени нивната првична замисла за тоа како треба да изгледа нивната кариера.

Јас сум Сабрије Тефики од Тетово. Имам 24 години и сум Магистер по образовна психологија. И покрај различните фактори во нашата држава кои можат да не обесхрабрат, програмата за кариерно советување ми помогна да се уверам дека потојат многу можности и широк избор за кариера. По завршувањето на програмата, работам во повеќе насоки и со огромна страст бидејќи учеството во оваа пргограма ми помогна да разберам дека животот е процес на постојано учење.

Јас сум Леона Вулетиќ, студент по право на Правен факултет при УГД. Учествував во програмата за практиканство спроведена од МладиХаб. Благодарение на програмата на МладиХаб се здобив со големо знаење и вештина која сметам дека е од огромно значење за моето образование и идна професија. Се запознав со многу нови и за мене предходно непознати работи, многу нови личности и нови искуства. Секојдневно извршувајќи ги редовните задачи, сфатив дека со помош на програмата добив голема желба и мотивација да продолжам понатаму, за да можам по завршувањето на студиите да ја работам работата што ја сакам.

Јас сум Марија Башеска и учествував во програмата за практиканство на МладиХаб. Со задоволство би учествувала на ваква или слична програма повторно. Вакви искуства даваат тврди вештини што остануваат со вас засекогаш, но и преглед во потенцијална идна кариера што може да ве информира дали сакате дополнително да се вложите или да барате нешто малку поразлично.