Моето искуство со МладиХаб беше многу забавно и корисно. Јас, Борјана Арсова, присуствував на обуките Анализа и статистика на податоци во MS Excel со примена на Pivot Table и IT безбедност. Мојата општокорисна работа беше превод на материјали од македонски на англиски јазик во областа на зелени работни места како поддршка на НВО Биди зелен, и изработка на заштитна маска.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Бидејќи сум дипломиран инженер по информатика, двете обуки кои ги следев ги збогатија моите знаења во тие области. Во денешното модерно време, не е доволно да се има само основни познавања, добиени преку учење и студирање, туку потребно е постојано надоградување и искористување на знаењето. На професионален план, работа со компјутери, канцелариски програми и безбедност на ИКТ системите се неопходни предуслови за добивање на работно место.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Јас бев дел од вториот циклус на обуки и со задоволство би учествувала на наредните обуки на МладиХaб.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше интересно. Преводот на содржините од македонски на англиски јазик го прошири моето знаење за зелените работни места, го подобри мојот англиски јазик и беше предизвик да се исполни работата во зададениот рок. Исто така, изработката на заштитната маска не ми претставуваше проблем бидејќи со упатство од интернет, материјали за работа и малку имагинација, успеав да изработам заштитна маска за повеќекратна употреба.