Моето искуство со МладиХаб беше одлична. Јас, Станиша Станковиќ присуствував на обуката „Реламирање на Facebook & Instagram“. Мојата општокорисна работа изработка на заштитна маска.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Пред се тоа ми користеше лично, за мене бидејќи имам свој личен профил и на двете горенаведени социјални мрежи. Што се однесува на деловен план, благодарение на вашата обука стекнав искуство во координирање и работење на односи со јавноста во невладните организации, младински центри и средношколски организации.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

 Да, се разбира доколку апликацијата за обуката и нејзината содржина е интересна и креативна и доста приманлива од моја гледна точка.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Искуството беше супер, се наоѓаме во таква ситуација и период каде заштитните маски се неопходни за нормално функционирање и извршување на секојдневните активности, задачи и обврски. Така да, општокорисната работа доведе до позитивни резултати и искористување на знаење во понатамошни цели и текови.