Моето искуство со МладиХаб беше одлично и над очекувањата. Јас, Ивана Ѓорѓевска присуствував на обуките за Изработка на бизнис-план, Вовед во HTML&CSS и обуката за Microsoft Office пакетот. Мојата општокорисна работа беше поделена на два дела, со оглед на тоа дека се одлучив да посетувам повеќе од една обука. Првиот пат се состоеше во работа на терен на територија на град Скопје (излепување на промотивни хартии за самиот проект на јавни површини како што се средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“, комплексот факултети на УКИМ и слично). Другиот сегмент од општокорисната работа се состоеше во истражувачка активност и дефинирање на поимот „општокорисна работа“ и неговото значење (со презентација на сработеното по сопствен избор, во мојот случај Power Point презентација).

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Со оглед дека на секое работно место пожелно е да имате солидни познавања од Microsoft Office пакетот, обуката за истиот беше потврдување и проширување на знаењата во тој поглед. Морам да напоменам дека од особено значење ги сметам часовите за Microsoft Excel. Со оглед на тоа дека во слободно време веќе 10 години се занимавам со продажба на производите на АВОН, планирам да сработам анализа за топ 5 најпродавани производи во тој изминат временски период.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Секако би присуствувала повторно на некоја интересна обука на МладиХаб, со големо задоволство.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Доста забавно и корисно.

Доколку би сакале да споделите нешто дополнително, ве охрабруваме да го напишете подолу!

Придобивки од соработката со МладиХаб:

  • Корисни обуки кои реално на свој џеб би си ги платиле мало богатство;
  • Реално знаење и квалитетен сертификат;
  • Платени патни трошоци (секако, со приложување на фискалните сметки);
  • Одговорност и професионалност до максимум;
  • Стекнување нови контакти и потенцијални пријателства;
  • Извршување на општокорисна работа (што во странство, на пример САД е задолжително како би можеле да добиете диплома за завршувае на средното или академското образование) со што посвесно си ја сфаќаш улогата во општеството!
  • Плус, добивање корисни подарочиња (како еко-торби и шише за повеќекратна употреба, со што се потенцира свеста за грижата за животната средина)