Моето искуство со МладиХаб беше супер. Јас, Ангела Петковска присуствував на обуката SEO - Search Engine Optimization. Мојата општокорисна работа беше изработка на скулптура од рециклирани материјали.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Ми даде идеја да размислувам во насока на промена на професијата и да се надградувам во тоа поле.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

 Да.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Исполнително. Се сметам за креативна личност па израбoтка на скулптура беше прелесна задача за мене, а се одвиваше и во време на карантин, период во кој времето требаше да се искористи продуктивно. Воедно, се работеше со рециклирани материјали, тема која што е многу актуелна изминативе години и треба да се обрне повеќе внимание за подигање на еко-свеста за климатските промени.

Би додала дека преку овие обуки дознав повеќе MladiHub како организација и нејзините активности.