Моето искуство со МладиХаб беше прекрасно, пред се запознав пријатели со кои се сретнавме и на друга зимска школа, но, она што најмногу ми остави впечаток беше професионалноста на вработените, односно одговорните за овој проект, како и професионалците кои ги одржаа обуките.Јас, Селмин Несимоски присуствував на обуката за ,,Комуникациски вештини и јавно говорење, Вовед во HTML и CSS, и Подготовка за интервју и пишување на CV”. Мојата општокорисна работа беше еколошка активност, садење на дрва. Во текот на опшокорисната работа практично не ни осетив како толку брзо помина времето бидеќи пред се работевме тимски и несебично, исполето со добро расположение и смеа. Но, осетив нешто многу важно, а тоа беше мојата исполнетост, мотивација и желба да придонесам и да бидам корисен дел од заедницата.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Тоа што го научив на обуките спореведени од МладиХаб, несомнено дека премногу ми користеше во мојот професионален развој, особено делот кој се однесуваше на комуникациските вештини кои е потребен на секој од нас за да ги препознаеме сите начини да стигнеме до тоа што го сакаме. За да се прилагодиме на ерата на дигитализација неопходно е да изучуваме нови дигитални вештини и да знаеме д од исклучително значење е и презентацијата на нашите производи, бидејќи колку и да е добар производот ако не биде добро претставен сетоа тоа пропаѓа.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Да, се разбира дека повторно ќе учествувам во вториот круг на обуки, и ја користам оваа прилика да ги охрабрам сите, никогаш не е доцна да се започне нешто ново, никогаш не е доцна да се усовршиме во некоја област, потребно е само желба, напорна работа и можност. Можноста ви ја пружи МладиХаб на вас останува само напорната работа, бидејќи желбата за успех секој од нас ја поседува во внатрешноста, само исфрлете ја на површина.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Како што напоменав погоре, доколку сакате да бидете корисни за општеството а приота и исполнети со тоа што ќе работите без сомневање ова е ваша прилика. Да помогнеш на оние на кои им е најпотребно (преку доделување храна и слично), практично е и најголемиот доказ дека во вас сеуште живее моралот, ченоста и хуманоста, во вас живее голема човечност. Покрај тоа, секогаш сите ние треба да имаме заедничка одговорност кон природата, но и кон општеството и нашата држава. Спроведувањето на еколошката активност ми овозможи да согледам дека секогаш е потребно да бидеме одговорни, а со нашата одговорност ние придонесуваме за колективното добро на сите нас. Не седете дома и не чекајте некој да ни го промени општеството, биди ти неговата промена. Сите проблеми што те мачат време е да станеш и да придонесеш сите тие да се решат. Запомни, без борба нема победа, без жртва нема успех.