Моето искуство со МладиХаб беше пријатно и продуктивно, членовите на МладиХаб беа професионални и пристапни, нешто што сметам дека е за огромен поздрав. Јас, Аврам Ќипровски присуствував на обуката за „Front-End Web-Development“, каде се изучуваа клучни технологии за полето. Мојата општокорисна работа беше да помагам при местење на просторот, производите и воопшто околу обврските за време на настанот „Green love“.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Во моментов работам на личен проект чија цел е преку неговата изработка да ми помогне да го повторам материјалот што го изучувавме на обуката. Верувам дека после неколку лични проекти ќе имам акумулирано доволно знаење и искуство за да се квалификувам за пракса или работна позиција.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Со задоволство би присуствувал на обука од сличен карактер доколку би имал таква можност.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Ми се допадна идејата дека преку забавен настан можат да се соберат средства кои ќе се искористат за подобрување на нашата животна околина и природата како целина. Работата беше лесна и покрај мојот проблем со слухот заради тоа што организаторите беа вистински одговорни и на секој еден од нас волонтерите му дадоа јасни обврски. Во текот на работните часови владееше и позитивна атмосфера преку работа и дружење.