Моето искуство со МладиХаб беше уникатно и многу позитивно. Јас, Иван Дургутов, присуствував на обуката за Adobe Photoshop. Мојата општокорисна работа беше учество во акција за делење храна за наши сограѓани кои се бездомни лица. Тоа беше еден прекрасен ден сабота и ден во кој јас се вратив дома со извонредно чувство на благодарност што имав прилика да волонтирам и помогнам во таква
општокорисна иницијатива.


Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?
По образование и професија сум правник и сум особено горд на тоа. Обуката за Adobe Photoshop, иако не е најтесно поврзана со мојата професионална определба, сепак е дел од поширокиот концепт на дигитална писменост кој многу гоподдржувам. Познавањето на основите на Adobe Photoshop наоѓа примена во многу области, како во професионалниот, така и во приватниот живот на еден млад човек. Лично, фотографирањето претставува мое хоби, па усовршувањето на вештините за создавање и едитирање на фотографии е нешто кое за мене е прилично корисно и суштински ќе ми помогне во иднина.


Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?
Со задоволство би земал повторно учество на некоја од обуките кои се одвиваат во соработка со МладиХаб. Идејата, од една страна, младите да добијат практични вештини кои им недостасуваат и за тоа да се сертифицираат, а од друга страна, да дадат назад кон заедницата и да волонтираат, сметам дека е одличен пример за успешна комбинација и „вин-вин“ ситуација за сите засегнати чинители.


Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:
Моето искуство при извршувањето на општокористната работа беше навистина несекојдневно. Особено сум горд на фактот што бев дел од иницијатива која им помага на нашите сограѓани кои се без постојан дом, обезбедувајќи им соодветен оброк, како и на фактот што и покрај отежнатите моментални околности за функционирање, оваа иницијатива има континуитет и почитувајќи ги мерките за превенција од вирусот, продолжува да комуницира и да биде од помош за бездомните лица.

Доколку би сакале да споделите нешто дополнително, ве охрабруваме да го напишете подолу.
Би сакал да изразам голема поддршка за активностите на МладиХуб во рамки на проектот „МладиХаб - Дигитална младина“. Силно верувам дека токму дигиталните вештини и писменост се неопходни за успех на младите индивидуи, а можноста за оспособување и обезбедување место за следење на обуките преку вршење на општокорисни активности, не само што претставува додадена вредност, туку е и показател дека младите навистина знаат да вратат кон општеството кога тоа општество реално инвестира во нив.