Во која од програмските активности на МладиХаб учествувавте и зошто одлучивте да се пријавите?
Јас сум Стефан и учествував во програмата за практиканти спроведена од МладиХаб. Одлучив да се пријавам бидејќи во моментот немав никаков ангажман и истата ми се чинеше како одлична прилика да испробам нешто ново и да се стекнам со знаење кое не секогаш доаѓа со школувањето. 

Какво беше вашето искуство за време на програмата и како ви помогна за вашиот личен и професионален развој?
Искуството кое го имав со МладиХаб додека ја извршував праксата беше навистина супер. Праксата ја извршував во област која е само парцијално поврзана со моето завршено високо образование, но тоа мислам дека беше дополнителен предизвик, бидејќи вклучи учење и запознавање со нови вештини и начини на работа. Инаку, праксата ја извршував во ЦЛМ Феникс, каде на дневна основа имав работни обврски од секаков карактер – комуникација со клиенти, водење на распоредот за дневните и неделни обврски, имав задачи од областа на social media marketing, но и бев постојано во контакт со основните принципи на работа на едно претприемништво. Овие задачи ми беа интересни и дури дел од нив сосем нови и непознати, но тоа сметам дека допринесе работата да е уште подинамична и корисна. По завршувањето на праксата бев вработен во истата фирма, каде работам и денес и се развивам и учам за горенаведените области.

Дали повторно би биле дел од ваква програма и што имате да им порачате на младите во однос на учествување во вакви програми?
Програмата за практиканти топло ја препорачувам на сите млади лица кои сакаат да се развијат во област која им е можеби нецелосно позната и јасна. Сметам дека истата е одличен почеток за да се доближат до таа конкретна област и да добијат идеја која може да ја промени нивната првична замисла за тоа како треба да изгледа нивната кариера.