Моето искуство со МладиХаб беше одлично. Јас, Кристина Ласкова, присуствував на обуката за Дигитален маркетинг и за Продажни вештини. Мојата општокорисна работа беше превод и изработка на медицинска маска.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Она што го научив од обуките ми користи во мојата работа како автор на текстови каде што се бара да се има познавање од тие две области со цел текстовите да привлечат повеќе клиенти.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Да, дефинитивно. Веќе присуствувам и на друга обука која е за SEO што е и дел од дигиталниот маркетинг.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Одлично! Мислам дека е доста корисно во времето во кое моментално живееме да се научи како да се изработува медицинска маска, а што се однесува до преводот – јас имам дипломирано Англиски јазик и литература така што обожавам превод!