Моето искуство со МладиХаб беше навистина корисно . Јас, Илинка Ставрова присуствував на обуката ИТ безбедност. Мојата општокорисна работа пишување на текст со совети за ИТ безбедност.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

ИТ безбедност претставува домен за кој моментално доста се интересирам, истражувам и учам. Навиститна добри совети и трикови беа кажани во текот на обуката од кој најмногу ми остави впечаток како да изградете лозинка која тешко се пробива. Најмногу ми се допадна вториот дел каде што практично правевме вежби.


Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?
Да, веќе сум пријавена на друга обука.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:
Предизвик ми беше да напишам текст кој би бил разбирлив за секаква публика особено луѓе со мало познавање во технологија. Дефинтивно доста нови работи научив дур истражував за темата.