Моето искуство со МладиХаб беше супер. Јас, Валентин Видовиќ присуствував на обуката за Photoshop. Мојата општокорисна работа беше правење на храна за бездомниците.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Преку фотошоп можат да се изработат плакати за настани, веб страни и различни дизајни. Јас лично, често го користам фотошоп за изработка на плакати за промоција. Преку обуката научив различни техники за начинот на изработка.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Многу сум задоволен од обуката, претходно имав некое искуство со Photoshop, но поголем дел од работите не ги знаев и доста научив како се користи и какви можности има.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Работев на место каде што се прави храна за бездомници. Бев задолжен за именување на храната и пакување на храната. Изработивме 400 оброци. Ориз, колбаси и салата. Таму бевме луѓе од различни курсеви кои посетуваа од MladiHub.

Ми беше драго дека правиме храна за бездомниците и преку тоа си даваме подршка и солидарност едни со други. Ние како тим луѓе што прави храна им овозможиме на некои луѓе што се во тешка ситуација да можат да преживеат.