Моето искуство со МладиХаб беше ОДЛИЧНО! Јас, Александра Јанкоска присуствував на обуката за Ms Office пакетот. Мојата општокорисна работа беше креативна изработка на маски за заштита, од актуелниот вирус, од рециклирани материјали.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Тоа што го научив од оваа обука, многу ми помогна, во подобра изработка на проекти, изучување како на најдобар и најлесен начин да се изработи еден проект, со помош на алатки, кои не сум ги користела претходно, од споменатите програми во овој пакет. Нашите несебични предавачи, го вметнаа и Outloоk, кој исто така е многу значаен, за попрофесионално претставување, и полесно функционирање, во организирање на работните обврски.

Сметам дека ова е навистина одлична обука, и ја препорачувам на сите да ја поминат.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Секогаш! Со изборот на многу квалитетни обуки, и посебно квалификувани предавачи, и сертификати, и дипломи, потпишани од најдобрите институции, на Вашите обуки, би присуствувала, секогаш кога ке се најде обука од мој интерес (скоро сите се), и препорачувам на сите млади луѓе да се приклучат кон Вашите обуки, нема да зажалат.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Интересно, забавно, и креативно !