Моето искуство со МладиХаб беше поучно и едукативно. Јас, Александра Арсова присуствував на обуката за SEO и ИТ Безбедност. Мојата општокорисна работа беше преведување на текст од македонски на англиски и изработка на заштитна маска.

Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?

Тоа што го научив на обуките е од областа на моето студирање. Наученото ќе ми помогне при вработување во областа која што ја учам.

Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?

Да, планирам да аплицирам за други обуки преку летниот период.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:

Преведувајќи го текстот за “Климатски промени, глобално затоплување и економски систем” научив многу нови информации кои претходно не ги знаев. Исто така, изработката на заштитна маска беше интересен предизвик кој на крајот излезе многу корисен бидејќи маската за повеќе употреби можам да си ја користам во секојдневниот живот.