Во која од програмските активности на МладиХаб учествувавте и зошто одлучивте да се пријавите?

Јас сум Сабрије Тефики од Тетово. Имам 24 години и сум Магистер по образовна психологија. Во моментов сум демонстратор на факултет и координатор во ИЛЈП. Бев дел од програмата за кариерно советување бидејќи мене лично ми беше мноу важно да имам план за мојата кариера, да бидам свесна за вештините кои ги поседувам и да знам што сакам да постигнам

Какво беше вашето искуство за време на програмата и како ви помогна за вашиот личен и професионален развој?
Програмата беше одлично организирана и сите активности кои се одвиваа во склоп на програмата помогнаа во мојот личен и професионален развој. И покрај различните фактори во нашата држава кои можат да не обесхрабрат, програмата ми помогна да се уверам дека потојат многу можности и широк избор за кариера. По завршувањето на програмата, работам во повеќе насоки и со огромна страст бидејќи учеството во оваа пргограма ми помогна да разберам дека животот е процес на постојано учење. 

Дали повторно би биле дел од ваква програма и што имате да им порачате на младите во однос на учествување во вакви програми?
Би им препорачала на сите млади што повеќе да учествуваат во вакви програми и да користат вакви можности. Исто така, би ја искористила оваа прилика да ја пофалам мојата менторка Катерина со која што работев за време на програмата. Како експерт за кариерно насочување, Катерина ми даде огромна поддршка за време на програмата.