Искуството кое го имав со МладиХаб за мене несомнено беше поучно и корисно, а секако и забавно. Со право ќе кажам дека присуствувањето на обуките и дружењето, на почетокот во нивните канцеларии во Скопје, а потоа и онлајн, претставуваа квалитетно поминато време и инвестирање во мојата иднина. За време на обуките, запознав неколку млади луѓе со слични интереси и амбиции, имав можност да ги надоградам знаењето и вештините, а благодарение на целиот овој проект јас успеав да најдам и соодветен работен ангажман.

Јас, Гоше Николов присуствував на обуките за Wordpress, Вовед во HTML, SEO, а во моментов ја следам обуката за Adobe Photoshop. Општокорисната работа која ја извршив за да се стекнам со правото да ги следам обуките беше пишување на статија/текст заНовинската агенција „Мета.мк“, која е еден од соработниците на МладиХаб. Можевме дапишуваме текстови на повеќе теми кои ги засегаат и се важни за младите, како екологија,образование, уметност и слично, но со оглед на тоа што извршувањето на
општокорисната работа се поклопи со периодот на почетокот на пандемијата, јас одлучив да пишувам за искуството на студентите со онлајн наставата, која во тој момент бешенешто со кое за првпат се среќаваа повеќето студенти и ученици кај нас.


Како тоа што сте го научиле на обуката ви користеше (работа, проект, училиште и слично)?


Со оглед на тоа што паралелно со студиите водам и Инстаграм профил каде објавувам забавни и информативни содржини за млади, дел од моите планови вклучуваа профилот да добие своја веб страна, каде младите би можеле да читаат, да се забавуваат и информираат уште повеќе. Обуката за Вовед во HTML, како и онаа за Wordpress, системот кој го користат најголем дел од веб сајтовите, ми помогнаа да разберам како фунцкионира создавањето и развојот/одржувањето на една веб страна. Преку обуката за SEO (Search Engine Optimization), што пак е важен сегмент на Дигиталниот маркетинг, научив како еден сајт може да се истакне помеѓу конкуренцијата кај интернет пребарувачите како Google и како сајтовите да котираат на што повисоко место во интернет просторот. Благодарение на сите овие обуки, многу подобро разбирам како функционираат веб страниците и се чувствувам повеќе самоуверено и разумно околу идните планови.

Од друга страна, секогаш е добредојдено да се знае, ако ништо друго, барем основата на алатките како Photoshop. Мене лично Фотошоп ми користи при изработката на содржини за Инстаграм профилот. Во дигитално време, особено после една ваква светскапандемија која од училиштата, факултетите и канцелариите, буквално сите нè префрли дома и онлајн, бизнисите ја сфатија предноста на нивното прусуство во интернет просторот, па вакви и слични алатки се неопходни за да нивниот бизнис продолжи
успешно да се развива онлајн. Познавањето и „ракувањето“ со Фотошоп, Илустратор ислични софтвери несомнено е огромна предност за секој млад човек што (ќе) бара работа која на било кој начин е поврзана со Интернет.


Дали повторно би присуствувале на обуките на МладиХаб?


Со задоволство би присуствувал на некоја од следните обуки. Ги следам профилите на МладиХаб на социјалните мрежи за да бидам во тек со активностите и да се информирамза нови курсеви. Секогаш кога ќе сретнам обука која вклучува алатка/ софтвер/ вештина што сметам дека мене ќе ми користи во работата или слободното време, се пријавувам и „стискам палци“ да бидам меѓу избраните кандидати за следење на обуката. Мило ми е што сè повеќе млади луѓе го разбираат значењето и можностите што ги нуди овој проект.

Моето искуство извршувајќи општокорисна работа беше:


Пред сè, би рекол интересно и уште поважно, информативно. Онлјајн наставата која ненадејно стана единствен начин за пренесување на знаењето беше голем залак за сите вклучени во образовниот процес, а особено за учителите и учениците/студентите. Со оглед на тоа што во моментот на извршување на општокорисната работа, учењето од далечина фунцкионираше не повеќе од еден месец, немаше доволно јавно достапни показатели и информации за тоа како учениците и студентите се снаоѓаат со новиот систем на предавање. Во соработка со Новинската агенција „Мета“ направивме кратко истражување, односно онлајн анкета која опфати повеќе од 2.500 студенти кои ги споделија нивните искуства со онлајн наставата. Резултатите од анкетата го покажаа мислењето на студентите за многу важни нешта, како што беа ефикасноста на дотогашната онлајн настава, можностите кои ги имаат за следење на наставата и начинот на кој тие и нивните учители се справуваат со новиот предизвик. Накратко, анкетата укажа на некои од недостатоците и на степенот на (не)задоволство на студентите од
дотогашното спроведување на онлајн наставата. Учењето од далечина сега секако е унапредено и повеќе функционално отколку што беше на почетокот.
За крај, извршувањето на општокорисната работа за мене претставуваше и можност за нови почетоци и понатамошен работен ангажман. Благодарение на успешно завршената општокорисна активност, добив понуда да бидам надворешен соработник – новинар во Новинската агенција со која ја спроведовме онлајн анкетата. Со задоволство ја прифатив понудата и мило ми е што можам да кажам дека нашата соработка трае веќе осум месеци.

Затоа ќе ја искористам приликата за да ја искажам мојата огромна благодарност до организаторите и сите членови и соработници на „МладиХаб“ што со нивниот проект придонесоа јас денес многу подобро да ги разбирам дигиталните алатки и уште поважно, што токму овој проект мене ми помогна да најдам соодветен работен ангажман во време на светска здравствена и финансиска криза!