Програмата за кариерно советување ќе ги развие вештините за барање и наоѓање соодветно работно место на младите лица. Преку оваа програма, проектот ќе им помогне на младите да станат поконкурентни на пазарот на труд со поддршка од професионалци со долгогодишно искуство во областа кариерно советување.

Учесниците во програмата ќе направат детална самопроценка на нивните интереси, карактеристики, вештини и вредности и врз основа на овие сознанија ќе постават реалистични кариерни цели. На крајот на програмата, секој учесник ќе има развиено индивидуален план за вработување. Програмата за кариерно советување ќе започне во октомври 2021 година, а учеството е бесплатно.

Обуката за кариерно советување ќе се одржи електронски на платформата ZOOM, а ќе трае 2 дена по 4 часа.


Услови и обврски за учество во програмата:

Заинтересираните кандидати за учество во програмата за кариерно советување е потребно:

  • Да бидат на возраст помеѓу 18 и 29 години;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub.

Учесниците ќе имаат обврска активно да се вклучат во програмата за кариерно советување од почеток до крај.

Начин на пријавување:

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линк. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на applications@nms.org.mk или на 070 399 058.

Рокот за пријавување е до 3 февруари, 2022 година.