Овој викенд учесниците во проектот МладиХаб заедно со пријателите од За почиста Македонија и Волонтерскиот Центар Скопје спроведоа акција за чистење на Скопско Кале.
Во оваа акција учество земаа 25 млади ентузијасти од различни градови во државата и заеднички се погрижија отпадот да биде целосно отстранет од Скопското Кале. Младите уште еднаш покажаа дека со сплотеност и јасна цел, можат да допринесат кон зачувување на јавните површини и не само тоа, туку да испратат јасна порака до сите дека навистина треба да се грижиме да имаме чисти јавни површини и да не се фрлаат отпадоци на истите.
Откако се собра доволно отпад за целосно да се наполнат 25 големи вреќи, просторот таму е многу поубав. Продолжуваме активно да се вклучуваме во решавање на проблемите што нè окружуваат и апелираме за поголема еколошка свест кај сите.