Во моментов е отворен огласот за мерката Субвенционирање на плати од Агенција за вработување на РСМ, објавена во делот на активни огласи.

 

Кој може да аплицира?

 

Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРСМ  кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот :

 

- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција ,со предност на невработени лица над 5 години)

- млади лица до 29 години

- лица постари од 50 години

- невработени лица на кои им престанал работниот однос во период на COVID -19

- повратници од странство поради кризата предизвикана од COVID -19

- лица корисници на гарантирана минимална помо

- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

- жени - жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство

- лица со попреченост

- жени припадници на ромската етничка заедница и останатите етнички заедници

- лица припадници на ромска етничка заедница

- лица на кои им е решен статусот  со лична документација

- самохрани родители

- родители на деца со пречки во развојот

- родители на 3 и повеќе деца

- родители на деца на улица

- осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

- бездомни лица

- лица со незавршено средно или пониско образование

- да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ,  каде редовно се евидентираат како невработени лица.

 

Информации за работодавачите

 

Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од гореспоменатите целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 3, 6 или 12 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ.

Работодавачот кој ќе вработи невработено лице со оваа мерка, има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на  субвенционирањето во дополнителен период од уште 6, 12 или 18 месеци.

 

Кои се условите?

 

Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на  договор помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите.

Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат до 05.05.2022 година.

 

Каде можам да аплицирам?

 

Детални информации можат да се добијат во  работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ, контакт телефонот 02-3111-850 лок.223 и веб страната www.av.gov.mk

Лица кои се заинтересирани за учество во мерката Субвенционирање на плати, можат да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување се до исполнување на предвидениот опфат.

Прочитајте повеќе за активните мерки на Агенцијата за вработување на следниот линк.

До крајот на март секоја година Агенцијата за вработување ги објавува мерките од Оперативниот план за тековната година на својот веб сајт. Оперативниот план за 2022 година можете да го прочитате на следниот линк.