Вашето CV е многу повеќе од парче хартија, а сега се почесто и онлјан документ. Тоа е вашиот “влезен билет ” за понатамошниот процес на селекција. Документ од кој работодавачот треба да го добие првиот впечаток за вас за да процени дали сте вистинската личност за одредена компанија. Затоа вреди да одвојте половина час - еден час повеќе, да вложите напори да го приспособите вашето CV сè со цел значително да ги зголемите шансите да го поминете натпреварот, а нашите совети ќе ви помогнат во таа цел.
1. Користете професионални лични податоци – Започнете ја Вашата биографија со наведување на вашите професионални лични податоци. Напишете го вашето целосно име и презиме, телефонски број и е-пошта на соодветниот документ. Додавањето адреса на живеалиште е по избор.
2. Напишете ја вашата академска историја во обратен хронолошки редослед – Кога станува збор за вашето образование наведете ги вашите две најнови академски искуства притоа осигурајте се дека ти се прикажани во обратен хронолошки редослед. На пример доколку имате докторат наведете ги најпрвин вашите докторски студии, а потоа магистратура. Работодавачите се повеќе заинтересирани за вашето професионално искуство. Поради оваа причина, попрецизно би било да го насочите читателот до делот за работно искуство кога аплицирате за работа.
3. Бидете кратки и концизни - Одлично е ако имате материјал да составите биографија на четири страници. Ова значи дека сте биле вредни и стекнале многу искуство во досегашната кариера. Но, ако сите овие ставки не се корисни за работата за која аплицирате, за жал никој не сака да ја прочита. CV-то треба да биде концизно и да потенцира што е навистина важно за огласената позиција за која аплицирате.
4. Наведете ги најрелевантните искуства – Oтако ќе ги отстраните вишокот на ставки од вашето CV, ставете акцент на најрелевантните искуства што ќе ви помогнат да го привлечете вниманието на вашиот потенцијален работодавец, притоа започнете со најновото работно искуство. Овој дел од вашата биографија треба да ги опфати вашето работно искуство, образованието и вашите лични вештини и интереси што ќе ви бидат корисни во вашата нова работа. Ако сте изучувале предмети поврзани со вашата идна работа за време на школувањето, сега можете да ги наведете и посочите. Ако сте имале натпросечни оценки од нив, тоа е исто така информација што може да биде важна.
За оние кои веќе го имаат потребното работно искуство за посакуваната позиција, пожелно е со реченица или две под ставката накратко да објасните каква работа сте работеле, кои биле вашите одговорности и за што сте пријавиле на таа работа. Ако немате ниту соодветно работно искуство, ниту формално образование за дадена позиција, ова не мора да биде крај. Можеби сте биле вклучени во активности што ќе бидат корисни на вашето идно работно место во слободното време, а тука може да ги споменете и одредени волонтерски активности доколку ги имате.
5. Проверете за печатни грешки пред испраќање – Ја подготвивте апликацијата за работа и сега останува да ја поднесете. Пред да ја испратите корисно е да направите проверка биографијата да не содржи печатни и/или граматички грешки или пак да не има одредени недоследности во неа. Кога работодавците читаат десетици резимеа дневно, печатните грешки може значително да влијаат вашата апликација да биде селектирана за во купот за одбивање. Проверете го текстот за грешки со помош на програма за Spell Check и потоа прочитајте ја неколку пати. Доколку имате можност побарајте и мислење од ваш близок кој е во можност да го препрочита.
6. Внимавајте на деталите – Покрај проверката на недоследностите во Вашата биографија како и печатните и граматички грешки, пред да ја испратите вашата апликација обратете внимание уште на некои детали кои иако навидум може да изгледаат ситни, но знаат да направат голема разлика. Користете еден фонт во пишувањето на ваша биографија за поголема прегледност и среденост на документот. Зачувајте го документот во пдф формат како би го задржале иницијалниот изглед на документот и не заборавајте да го именувате документот со вашето име и презиме за да не се загуби вашето CV во мноштвото апликации.