Преку програмата за туторство, проектот ќе обезбеди поддршка за 30 млади лица за практична примена на нивните дигитални вештини стекнати во рамки на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“. На овој начин, програмата ќе им помогне на младите да почнат да го градат своето професионално портфолио и ќе им обезбеди можност да работат на реален проект со поддршка од истакнати професионалници во областа. Проектите на учесниците во програмата треба да резултираат со алатки и продукти (веб-страници, стратегии за дигитален маркетинг и промоција, дизајни, оптимизирање на пребарувачки уреди (SEO) и слично) кои ќе ги користат младински организации од земјата.

 

За потребите на оваа програма, Националниот младински совет на Македонија отвора повик за ангажирање на 5 експерти (тутори) кои ќе бидат одговорни за обезбедување насоки и професионална поддршка на учесниците во програмата за туторство. Заинтересираните кандидати можат да се пријават да бидат тутор во некоја од следните области:

  • Веб-дизајн;

  • Графички дизајн;

  • Дигитален маркетинг/Дигитални комуникации или

  • SEO.

 

Услови, права и обврски за туторите

Заинтересираните кандидати е потребно:

  • Да имаат најмалку 5-годишно работно искуство во областа за која се пријавуваат;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub;

  • Искуство како тутор или инструктор во програми за неформално образование од областа ќе се смета за предност.

Туторите ќе ги имаат следниве обврски:

  • Учество во еднодневна обука за тутори, организирана од страна на проектот и

  • Туторство на 6 млади лица во нивната работа на реален проект, во согласност со барањата и потребите на младинските организации за кои се изработува продуктот.

За туторите е предвиден надомест во бруто износ од 71800 денари.

 

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да испратат кратка професионална биографија (CV) и мотивациско писмо на applications@nms.org.mk со наслов „МладиХаб-Пријава за тутор“ најдоцна до 26 септември 2021 година. Ве молиме, во насловот на порака наведете и за која област се пријавувате (Веб-дизајн, графички дизајн, Дигитален маркетинг/дигитални комуникации или SEO).

 Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на applications@nms.org.mk или на 070 399 058.