Барањето на работа понекогаш знае да биде навистина исцрпувачки процес. И кога мислите дека го имате совршеното мотивациско писмо, сепак сè уште не доживувате успех на пазарот на труд. Иако ова може да биде обесхрабителна ситација, факт е дека постои голема конкуренција на пазарот на труд. Во време на брзорастечки промени , треба да направите многу повеќе отколку да испратите пристојно мотивациско писмо и да пристигнете на време на интервјуто за да се издвоите од топлата. Но, не грижете се, ние сме тука да Ви помогнеме. Во продолжение споделуваме 10 нешта што можете да ги направите, а кои ќе ви помогнат побрзо да се вработите.
1.Квалитетот секогаш го надминува квантитетот - Се чини дека сите познаваме некој кој аплицира на мноштво работни места, но добил повратен одговор само од неколку работодавци.
За жал, ова не е невообичаена појава, но решението е едноставно: преферирајте квалитет, а не квантитет. На крајот на краиштата, вашето време е пари, затоа бидете селективни во позициите за кои аплицирате. Во ред е да преземете неколку ризици одвреме-навреме, но ограничете го бројот на вашите апликации. Наместо тоа, фокусирајте ја својата енергија на пишување персонализирани мотивациони писма, концизни резимеа и испратете ги до компании кои имаат отворени работни позиции за кои сте квалификувани.
2. Персонализирајте ги вашите документи за аплицирање - Поголемиот дел од работодавците нема ни да ја разгледаат вашата биографија ако вашето мотивационо писмо е нејасно и генерализирано, затоа бидете што е можно поконкретни во вашата апликација за работа.
Напишете персонализирано мотивационо писмо и ако е можно, избегнувајте ја фразата „Кому може да се однесува“ и пронајдете го името на менаџерот за вработување / човечки ресурси во организацијата во која аплицирате. Пребарувањето на “LinkedIn” е корисен начин за идентификување на вработените во една компанија.
Ако аплицирате за различни типови позиции, креирајте насочени резимеа што ќе одговараат, нагласувајќи ја историјата на вработување што е најрелевантна за работата што ја барате.
И, исто толку важно е да бидете сигурни дека вашето мотивационо писмо и биографија се без граматички или печатни грешки. Кога работодавците читаат десетици резимеа дневно, печатните грешки може значително да влијаат вашата апликација да биде селектирана за во купот за одбивање.
3.Искористете ја вашата професионална мрежа на контакти - Кога барате работа, треба да ја искористите вашата лична и професионална мрежа на контакти колку што е можно повеќе. Обратете се до поранешните соработници, менаџери, шефови и други конекции за да видите дали нивното сегашно работно место има слободни работни позиции. Прашајте и некој од вашите професори од факултет дали тие можат да ви препорачаат компании за кои може да аплицирате. Исто така, можете да ги користите можностите кои ги нуди “LinkedIn” платформата за да ги идентификувате потенцијалните мрежни врски.
4.Оптимизирајте го вашето присуство во онлајн просторот - што ќе види вашиот потенцијален работодавец кога ќе го “изгугла” вашето име? Се надеваме дека се појавува вашиот LinkedIn профил , лична веб-страница или онлајн портфолио.
Пред да започнете со барање работа, направете „сајбер-чистење“ за да ги заштитите вашите поставки за приватност на Фејсбук, Инстаграм или на која било друга социјална мрежа што можеби не сакате да ги види интервјуерот. Направете темелна проверка за да бидете сигурни дека правилно ги користите социјалните медиуми во вашето барање работа.
Потоа, ажурирајте го вашиот профил на LinkedIn или Google Plus, а доколку имате време или можност, размислете да направите лична веб-страница или онлајн портфолио
5.Импресионирајте го интервјуерот со портфолио – Вообичаено на интервју е да понесете визит-картичка или биографија, но доколку сакате да се истакнете потребно е да понесете портофолио што вклучува мотивационо писмо, биографија, препораки од минати работодавци и соработници и примери за мината работа, доколку е релеватно. Иако е потребен дополнителн труд и време за печатење и организирање на овие материјали, ќе се изненадите колку позитивино може да позитивно да допринесе за процесот на селекција.
6. Праксата го прави интервјуто совршено - Одвојте време во подготвување за интервјуто. Не секогаш можете целосно да го предвидите текот на интевјуто и прашањата кои ќе бидат поставени, но тотална неподготвеност за време на интервјуто не само што е непочитување на компанијата за која аплицирате, туку е и крајно неповолно за шансите за ваше вработување во таа компанија. Конципирајте и вежбајте примероци од прашања и одговори за интервјуто, подгответе го своето едноминутно преставување, истражете повеќе за историјатот, структурата, мисијата, визијата, целите и работните вредности за компанијата за која аплицирате.
7. Анегдоти = Предности - Кога го пишувате вашето мотивационо писмо, го наведувате вашето работно искуство во резиме или одговарате на прашања во интервју, обидете се да бидете што е можно поконкретни. Избегнувате стандарди фрази како „Јас сум вреден работник“ или „Посветен/а сум“.
Не зборувајте само за работите во кои сте добри - туку поткрепете ги ваквите изјави со примери кога, зошто и како сте се истакнале. Имајте неколку специфични анегдоти со кои може да ги поткрепите професионалните и личните квалитети кои ве прават добар кандидат за работата.
Не заборавајте дека прашањата за интервју бараат доказни одговори.
8. Оставете добар последен впечаток - Веќе знаете дека првиот впечаток е клучен, но дали сте знаете дека оставањето добар последен впечаток е исто толку важно?
Иако треба да се збогувате со интервјуерот со цврсто ракување и насмевка, тоа не завршува тука. Побарајте и визит-картичка, а потоа одете дома, најавете се на вашата е-пошта и испратете мејл за благодарност до интервјуерот што одвои време да разговара со вас.
Ваквиот потег не го гледајте само како начин за постигнување на дополнителни поени , туку и начин како уште еднаш да го демонстрирате вашиот интерес за работната позиција, да ги нагласите сите поенти што би сакале да ги истакнете за вашето работно искуство или да споменете нешто што не сте успеале да кажете за време на интервјуто.
9. Oд информативно интервју до интервју за работа - Информативните интервјуа се одлични начини да се поврзете со нови контакти и организации, да се претставите во деловните круогви и да ги спознаете организациските култури на потенцијалните работодавачи . По информативното интервју, не заборавајте да побарате визит-карта и доколку е возможно останете во контакт. Никогаш не се знае, можеби следниот пат кога ќе се сретнете со таа личност да биде токму на интервју за работа.
Саемите за вработување се одличен начин на едно место да сретнете голем број на потенцијални работодавачи и да остварите информативни интервјуа. Доколку сте заинтересиани за ваква можност, разгледајте го повикот за учесници за Регионалниот младински саем за вработување во организација на МладиХаб.
10.Дајте за да добиете - Веќе споменавме дека искористувањето на професионалната мрежа на контакти може значително да помогне во наоѓањето на работа. Но, што може да направите за да ги зацврстите ваквите врски?
Се разбира, важно е да се одржуваат тие односи, дури и на лично ниво. Испратете празнична честитка, честитајте роденден или пак излезете на ручек или на кафе.
Можете исто така да понудите да им помогнете на другите. Постојат многу начини на кои можете да го направите ова: да го лекторирате мотивационото писмо или резимето на пријателот, да споделите увид за минатите компании за кои сте работеле, да понудите совети за преминување во вашата област и сл. Малку помош никогаш не е на одмет, нели?
И најважно не се обесхрабрувајте и останете истрајни во процесот на барање на работа. Понекогаш за реализирање на работите кои ги посакуваме е потребно време, а нашите совети се тука да ви помогнат на вашиот пат кон вработување. Среќно!