Во склоп на проектот ќе се одржи дводневен младински Techathon организиран од страна на Youth Empowerment Platform Gostivar и Co-work Gostivar на тема “Innovative Youth Entrepreneurship Idea”, што има за цел да им помогне на заинтересираните млади лица да ги развијат своите креативни и иновативни бизнис идеи во оваа област. Настанот е наменет за потенцијални млади претприемачи кои преку тимска работа ќе развијдат различни иновативни решенија од областа на бизнис и технологија. Сите учесници за време на хакатонот ќе добијат поддршка од 5 искусни ментори кои ќе им помагаат низ процесот на развивање на решенија. 

Хакатонот ќе се одржи на 3-ти и 4-ти декември (петок и сабота) во просториите на Младински центар iCan во Гостивар. Techathon-от ќе започне во 10:00 во петок и ќе заврши во 16:00 во сабота, со што се предвидува 30 часа работење, со можност за заминување и преноќување дома. Идеите ќе бидат презентирани пред стручна жири комисија составена од тројца професионалци од бизнис и IT секторот, кои ќе одлучат кои три идеи ќе бидат наградени со финансиска поддршка за реализација.


За трите најдобри идеи се предвидени следните награди:

  • 1500 eur за освоено прво место

  • 1000 eur за освоено второ место

  • 500 eur за освоено трето место.


Добитниците ќе имаа можност и за бесплатно изнајмување на просторија во CoWork во времетраење од 3 месеци.

Услови, права и обврски за учесниците

Заинтересираните кандидати е потребно:

  • Да бидат млади лица на возраст од 15 до 29 години

  • Да бидат жители на Гостивар и околината (повикот е отворен и за учесници надвор од овој регион, меѓутоа сместување за време на хакатонот не е предвидено)

  • Да имаат изводлива и иновативна бизнис идеја

  • Знаење од областа на бизнис и технологија ќе се смета за предност, но не е задолжително

За време на Techathon-от ќе бидат обезбедени опрема, оброци и освежување за сите учесници. На наградените три бизнис идеи ќе им биде обезбеден ментор, кој ќе им помогне нивната идеја да се реализира до март 2022 година. 

 

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да се регистрираат на овој линк и да ја пополнат својата пријава најдоцна до 21-ви ноември 2021 година.


Одговорите на најчесто поставуваните прашања можете да ги најдете овде.

Доколку се потребни дополнителни информации за настанот, опроектот или повикот, слободно обратете се на applications@nms.org.mk или на 070 399 058.