По неколку месечно интензивно и неуморно работење на платформата #CareerHUB, конечно дојде време со задоволство да ви ја најавиме истата.

Платформата CareerHub е развиена во рамки на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“, финансиран од Британската амбасада во Скопје, а спроведуван од Националниот младински совет на Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Оваа платформа служи за поврзување на лицата кои се во потрага по работен, хонорарен или практикантски ангажман со компании, организации и институции кои имаат потреба да го зајакнат својот тим. Од оваа платформа се очекува значително да го олесни пристапот на младите луѓе во земјата до професионалниот ангажман што го посакуваат, како и на организациите, компаниите и институциите до кадарот кој им е потребен.

 

CareerHub можат да ja користат лица кои се во потрaга по работа, хонорарен, волонтерски или практикантски ангажман и сакаат да се вклучат во дигиталната економија,  како и организации, институции и компании кои нудат вакви ангажмани. 

Користењето на платформата е бесплатно.

 

CareerHub ги поврзува понудата и побарувачката на работна сила во повеќе области: Дигитален мaркетинг, дизајн, видео продукција, програмирање, човечки ресурси, право и сметководство, е-бизнис и друго.

На платформата можат да се најдат огласи и кандидати за 5 различни категории на ангажман: 

  1. Работа на полно работно време;
  2. Работа со скратено работно време;
  3. Хонорарен ангажман;
  4. Волонтирање;
  5. Практикантство.

Притоа, платформата автоматски пресметува колку профилот на кандидатот одговара на барањата за конкретната позиција. Корисниците на платформата можат да комуницираат преку пораки и да го оценуваат перформансот на другата страна.

 

Регистрирајте се бесплатно со само еден клик на https://careerhub.mladihub.mk