За саемот

Во склоп на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите” ќе се одржи Регионален младински саем за вработување. 

Саемот ќе се одржи на 28.02.2022 (понеделник) од 10:30 до 15:30 часот во Скопје (местото на одржување ќе биде објавено наскоро). Регионалниот младински саем ќе биде зборно место на повеќе компании од  регионот кои работат во областа на информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

Саемот е замислен како отворена платформа за градење вештини и компетенции за вработување на младите како и креирање на можности за нивно поврзување со работодавачите. Во таа насока во рамките на саемот се предвидени 3 активности, а Вие самите одлучувате дали сакате да се вклучите само во една или во сите активности:

  • Саем на компании – каде секоја компанија ќе има штанд на кој ќе може да ја претстави својата работа и професионалните можности кои ги нуди за млади

  • Speed date – каде компаниите и младите ќе имаат можност да се запознаат подобро и пофокусирано за краток временски период

  • Youth booth -  каде ќе може да се спроведуваат интервјуа во пријатна и приватна атмосфера, изолирано од самиот саем. За оваа активност ќе може да се пријавите во формуларот, по што вашата биографија ќе биде споделена со пријавените фирми. Доколку некоја од фирмите е заинтересирана да спроведе интервју со Вас во склоп на оваа активност, нашиот тим ќе ве контактира за да ги договори техничките детали.

Дополнително, пред саемот ќе се одржи и обука за кариерно насочување за сите заинтересирани млади лица чиј фокус ќе биде креирање на професионална биографија, спроведување интервју со компании, како и други корисни совети за подобро претставување пред потенцијални работодавачи. Учеството во оваа обука не е задолжително. 

Услови и обврски за учество на саемот

Сите млади лица кои се заинтересирани за учество во Регионалниот младински саем за вработување треба:

  • Да бидат на возраст до 29 години;

  • Да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub.
     

Начин на пријавување

За да се пријавите за учество на настанот треба да го пополните формуларот за регистрација достапен на овој линк.
За сите дополнителни прашања и информации за настанот може да се обратите на mladihub@gmail.com или на телефонскиот број +38978350531.


Рокот за пријавување е до 20.02.2022.

Ви требаат повеќе информации? Прочитајте ги одговорите на најчесто поставуваните прашања во однос на саемот.