По повод месец мај - месец за подигнување на свеста за менталното здравје, покрај работилниците за ментално здравје, во соработка со платформата Разговор.мк, решивме да овозможиме по 3 бесплатни сесии со психолог на 20 млади лица.
1. Услови и обврски за учество во програмата
Преку оваа иницијатива ќе се поддржат млади лица на возраст од 16-29 години. Предност ќе се даде на лица кои корисници за Гарантирана минимална помош и НЕЕТ млади (млади кои не се во процес на едукација, вработување или тренинг). Ќе се поддржат 20 млади лица, на кои ќе им бидат покриени 3 сесии со психолог. Сесиите ќе се изведуваат преку платформата Разговор.мк со опцијата Допишување, во термин по договорот помеѓу младото лице и психологот.
Обврските на избраните млади лица – учесници во програмата за ментално здравје ќе бидат следните:
- Да учествуваат на сите 3 сесии со психологот што ќе се одвиваат со допишување
- Да се придржуваат до избраниот термин за средби
- Да остават оценка за задоволството од спроведената сесија на платформата Разговор.мк
- Да дадат фидбек и предлози за унапредување на корисничкото искуство преку онлајн средба со техничкиот тим позади платформата Разговор.мк
- Да пополнуваат евалуација за задоволството од сесиите (Општи податоци за средбите, кои ќе имаат за цел да измерат дали ваквите сесии ја нудат потребната поддршка на младото лице. При пополнувањето на евалуацијата нема да се бараат податоци кои ќе ја загрозуваат доверливоста помеѓу психологот и младото лице.)
2. Начин на пријавување
Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на следниот линк најдоцна до 02.06.2022 година. Доколку имате прашања, слободно обратете се на applications@nms.org.mk.
Напомена: сите сензитивни податоци дадени при пополнувањето на формуларот за пријавување ќе бидат искористени само со цел да се избере психолог со соодветна позадина и експертиза, како би се понудила соодветна поддршка на учесниците во програмата. Сепак, доколку не се чувствувате удобно да ги одговорите сите прашања, оставете ги празни. Тоа никако нема да влијае во процесот на селекција на учесниците во програмата, кои ќе бидат селектирани само според карактеристиките наведени во повикот, а се до пополнување на сите места.