Преку програмата за туторство, проектот ќе обезбеди поддршка на млади лица за практична примена на нивните вештини за дигитален маркетинг стекнати во рамки на проектот „МладиХаб-Дигитална младина“. На овој начин, програмата ќе им помогне на младите да почнат да го градат своето професионално портфолио и ќе им обезбеди можност да работат на реален проект со поддршка од истакнати професионалници во областа. Проектите на учесниците во програмата треба да резултираат со алатки и продукти (стратегии за дигитален маркетинг и промоција или кампањи) кои ќе ги користат младински организации од земјата. Продуктите треба да бидат финализирани до крајот на јануари 2022 година.

За потребите на оваа програма, Националниот младински совет на Македонија отвора повик за ангажирање на 1 експерт (тутор) кој ќе биде одговорен за обезбедување насоки и професионална поддршка на 4-6 учесници во програмата за туторство. 

 

1. Услови, права и обврски за туторот

Заинтересираните кандидати е потребно:

  • Да имаат најмалку 5-годишно работно искуство во дигиталниот маркетинг;

  • Да имаат искуство како тутор или инструктор во програми за неформално образование во областа на дигиталниот маркетинг е задолжително.

Друго искуство во работа и менторство во млади лица ќе се смета за предност.

Туторот ќе ги има следниве обврски:

  • Учество во еднодневна ориентациона средба за тутори, организирана од страна на Национален младински совет на Македонија и

  • Туторство на 4-6 млади лица во нивната работа на реален проект, во согласност со барањата и потребите на младинските организации за кои се изработуваат продуктите.

За туторот е предвиден надомест во бруто износ од 71800 денари за целиот ангажман.
 

2. Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка професионална биографија (CV) и мотивациско писмо на applications@nms.org.mk со наслов „МладиХаб-Пријава за тутор-Дигитален маркетинг“ најдоцна до 10 ноември 2021 година. 

 Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на applications@nms.org.mk или на 070 399 058.