За проектот

 

Проектот „МладиХаб – Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија” го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Stella Network. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје, а неговата цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија да бидат поактивни во општеството и да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и со тоа во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

 

Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три компоненти, и тоа:

  • Улогата на жената во општеството - разбирање на концептите за родова еднаквост во креирањето и спроведувањето на политиките (национална анализа за нееднаквоста помеѓу младите, национална кампања за покревање на свест за родова еднаквост, локални јавни настани за поддршка на млади девојки);
  • Програма за одржливо менторство за жени, особено на локално ниво (менторство, обука за наставници, поддршка на локални младински совети, поддршка на локални младински иницијативи, креирање на локални младински стратегии);
  • Овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти).

 

За повикот

 

Во склоп на компонентата за овозможување економска независност за младите жени и девојки (кариерно советување, практикантство, мобилна апликација за практиканти), Националниот младински совет на Македонија отвара повик за правни субјекти (граѓански организации и претпријатија) кои сакаат да бидат дел од практикантска програма која ќе им помогне на младите да се стекнат со работно искуство и работни вештини преку кои ќе ја зголемат својата компететивност на пазарот на трудот. На овој начин, НМСМ ќе делува како посредник помеѓу младите заинтересирани за практиканство и правните субјекти кои сакаат да работат со практиканти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект. 

 

Услови и бенефиции од учество во програмата

 

Правните субјекти кои ќе се пријават за практикантската работа ќе добијат:

  • Поврзување со соодветен практикант (најмногу 3 практиканти во зависност на големината на фирмата) во согласност со потребите на правното лице од страна на НМСМ;
  • Покривање на бруто месечен надомест од 150 фунти месечно за практикантот од страна на НМСМ во времетрање од два месеци;
  • Поддршка во процесот на менторирање на практикантот;
  • Потенцијал за обликување и градење на нов кадар во организацијата преку практикантската програма;

 

Правните субјекти кои имаат желба да примат практикант, треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да имаат најмалку еден вработен
  • Да имаат регистрирано профил на https://careerhub.mladihub.mk/
  • Да имаат својство на правно лице.

 

Правните субјекти кои сакаат да бидат дел од програмата за финансиска поддршка за реализација на практиканство ќе биде потребно да:

  • Назначат одговорно лице кое ќе го менторира практикантот во исплнување на 40 работни часа неделно;
  • Назначат одговорно лице кое ќе комуницира со НМСМ за потребите на практикантската програма;
  • Пополнат месечен извештај (во форма на гугл формулар) за напредокот на практикантот;
  • Го оценат задоволството од учеството во ваквата програма по нејзиниот завршеток.

 

Во текот на месец март и април НМСМ ќе објави отворен повик за практиканти, практикантите согласно своето искуство и преференции, сами ќе можат да бираат во која фирма сакаат да ја извршат својата практиканска програма. 

Сите правни лица за кои НМСМ ќе мапира соодветен практикант ќе бидат контактирани со цел поврзување со практикантот и подготовка за реализација на практиканството. НМСМ ќе понуди целосна поддршка во времетраење на практикантската програма. Практикантската работа се очекува да започне најрано во месец мај, a да заврши до крајот на месец август 2024 година.

 

Начин на апликација

 

Заинтересираните граѓански организации и претпријатија треба да го изразат својот интерес преку пополнување на пријавата која е достапна на следниот линк. Пријавата треба да биде пополнета не подоцна од 03.03.2024 година, на полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на applications@nms.org.mk или на 070 399 058.