Општи информации за саемот


• Што е Регионален младински саем за вработување?
Регионалниот младински саем за вработување е настан кој ќе се одржи во рамки на проeктот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите”.Саемот ќе биде збирно место на повеќе компании од регионот кои имаат отворени работни позиции, како и за млади лица кои се во потрага по вработување. Саемот е наменет за сите индустрии, вклучувајќи ги информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

 Кога ќе се одржи саемот?
Саемот ќе се одржи на 28.02.2022.

За настанот е предвидена следната агенда:

10:30 – 12:30 Официјално отворање на саемот

12:30 – 13:30 Speed-dating со компаниите

13:30 – 15:15 Интервјуа со компаниите

15:15 – 15:30 Затворање на настанот


• Каде ќе се одржи саемот?
Саемот ќе се одржи во Скопје и ќе биде со физичко присуство. Точната локација ќе биде најавена наскоро.
Важна напомена: Настанот ќе се одржи според сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19. Сите посетители мора да прикажат валиден сертификат за вакцинација пред влегување.

• Кои активности се предвидени во склоп на саемот и што треба да знам?
Во склоп на саемот се предвидени 3 главни активности:

1. Саем на компании – секоја компанија ќе има штанд на кој ќе може да ја претстави својата работа и професионалните можности кои ги нуди за млади вклучувајќи ги и тековните отворени позиции. 

2.  Speed date – активност која предвидува кратки интервјуа помеѓу повеќе млади лица и компании. Претставниците од компаниите ќе бидат сместени на посебни маси, додека кандидатите ќе се движат од маса до маса и ќе разговараат со претставниците по неколку минути што значи дека и двете страни треба да бидат добро подготвени и да знаат што сакаат. По истекувањето на времето, секој кандидат се преместува на следната маса, односно разговара со следната компанија.

Сите млади лица заинтересирани за оваа активност ќе бидат поврзани со компании од соодветната индустрија. 

3. Youth booth -  каде ќе може да се спроведуваат интервјуа во пријатна и приватна атмосфера, изолирано од самиот саем.При регистрација за саемот, сите заинтересирани млади лица можат да се пријават за оваа активност, по што нивната биографија ќе биде споделена со пријваните компании.Сите компании кои ќе се пријават за оваа активност, ќе добијат листа на кандидати кои бараат работа во нивната индустрија, по што ќе можат да одберат да спроведат интервју со некои од нив. Сите млади лица кои ќе бидат одбрани за оваа активност ќе бидат навремено контактирани од нашиот тим со цел да се договорат техничките детали.

Дополнително, сите млади лица кои ќе се пријават за саемот имаат можност и да учествуваат во кратка обука за кариерно насочување која ќе биде спроведена неколку дена пред самиот настан. 

 

 

Информации за млади лица

• Какви компании ќе присуствуваат на саемот?
На саемот ќе присуствуваат компании и организации од повеќе индустрии, вклучувајќи ги информациските технологии, фармација, медицина, социјални услуги, формална и  неформална едукација, земјоделство, градежништво и инфрастурктура, маркетинг и односи со јавност.

• Кој може да учествува на саемот?
На саемот може да учествуваат сите млади лица на возраст од 18 до 29 години кои бараат вработување во Скопскиот регион.

• Како можам да се пријавам за учество?
За да се пријавите за учество на саемот треба да имате регистриран профил на платформата CareerHub и да го пополните овој формулар најдоцна до 10.02.2022. 

• Зошто морам да имам профил на CareerHub?
Вашиот профил на CareerHub е всушност CV-то со кое ќе се претставите пред потенцијалните работодавачи и врз база на кое компаниите ќе ги бираат кандидатите со коишто сакаат да спроведат интервју.
Со тоа на ум, погрижете се вашиот профил да биде целосно пополнет и да ги содржи сите потребни информации.

• Дали морам да учествувам во сите активности на саемот?
Не мора да учествувате во сите активности на саемот. При пополнување на формуларот за регистрација одбирате во кои активности би сакале да учествувате.

• Што подразбира обуката за кариерно насочување?
Обуката за кариерно насочување ќе ја спроведат искусни ментори од CEED Hub Skopje и истата ќе биде фокусирана на совети за подобро претставување пред потенцијални работодавачи, како што се препораки за пишување на професионална биографија, совети како да се претставите на интервју, начини како да ги истакнете и искористите вашите силни страни и слично.
Учеството во оваа обука не е задолжително. 

• Дали учеството на саемот ми гарантира вработување?
Самото учество на саемот не гаранитра вработување, меѓутоа носи многу предности за вашиот професионален развој. Сепак, на саемот ќе присуствуваат голем број компании кои имаат отворени позиции така што шансите се вработување за време на саемот се големи.

• Дали патните трошоци ќе ми бидат покриени?
Бидејќи саемот е наменет за учесници од Скопскиот регион, на младите лица кои не се од Град Скопје може да им бидат покриени патните трошоци.
Сепак, најдобро е да го контактирате нашиот тим на mladihub@gmail.com или на телефонскиот број  +38978350531 за да се информирате за вашата конкретна ситуација. 

 


Информации за компании

• За какви компании и кои индустрии е предвиден овој саем?
Саемот е наменет за сите компании регистрирани во Скопскиот регион кои во моментов имаат отворени позиции или пак се заинтересирани за нов кадар, независно од индустријата. 

• Како да ја пријавам мојата компанија/организација за учество?
Вашата компанија/организација може да ја пријавите преку овој формулар.

• Дали мојата компанија/организација треба да плати котизација?
Не. Учеството на саемот е бесплатно за сите компании.

• На кој начин ќе се промовира мојата компанија во рамки на саемот?
Вашата компанија ќе има свој штанд каде ќе може да изложи промотивни материјали и каде вашите претставници ќе можат да разговараат со посетителите во врска со вашата работа и отворени позиции.

• Дали мојата компанија/организација треба да го обезбеди штандот?
Не. Штандот ќе биде обезбеден од наша страна, меѓутоа можете да донесете ваши флаери, памфлети, визит карти и останати промотивни материјали. 

• Дали мојата компанија мора да учествува во сите активности на саемот?
Вашата компанија не мора да учествува во сите активности на саемот. При пополнување на формуларот за регистрација одбирате во кои од понудените активности би сакале вашата компанија да учествува. 

• Која е процедурата за мојата компанија да учествува на Youth booth?
За вашата компанија да учествува на Youth booth треба да ја одберете таа активност при пополнување на формуларот за регистрација. Потоа, нашиот тим ќе ви испрати листа кандидати (ќе добиете линкови од нивните профили на CareerHub) кои бараат работа во вашата индустрика. Доколку вашата е компанија е заинтересирана да спроведе интервју со некој од овие кандидати за време на саемот, треба да не известите по што ние ќе ги договориме техничките детали. 

• Кој ќе присуствува на саемот? 
На саемот ќе присуствуваат млади лица на возраст од 18 до 29 години кои се во потрага по вработување во Скопскиот регион. 

• Како ќе се поврзе мојата компанија со соодветниот кадар? 
Во зависност од индустријата/секторот во кој вашата компанија работи нашиот тим ќе ве поврзе со соодветни баратели на работа со кои ќе имате можност да разговарате во склоп на активностите Speed date и Youth booth.
Дополнително, сите заинтересирани посетители на саемот ќе може да го посетат вашиот штанд и да се запознаат со вашата компанија и работа. 

• Дали мојата компанија има обврска да вработи младо лице за време на саемот?
Вашата компанија нема обврска да вработи младо лице за време на саемот.