Како да аплицираш за мерката Економија на грижа (Мерка 7.2 Обука и вработување)?
Во моментов има една активна мерка од Агенција за вработување во областа на Економија на грижа, објавена во делот на активни огласи. Мерката 7.2 вклучува:
- Обезбедување на обучена и квалификувана работна сила преку стручни обуки;
- Субвенција на плати за лицата вработени како даватели на социјални услуги во износ од 30780 (бруто) денари во период од 10 месеци;
- Покривање на оперативни трошоци и трошоци за управување;
- Менторска и советодавна поддршка низ целиот процес.
Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации за учество на мерката може да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Кој може да аплицира?
Можат да аплицираат сите здруженија на граѓани и невладини организации.
Каде можам да аплицирам?
Заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организациии треба да пополнат Пријава за учество во Центрите за вработување секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Покрај пријавата, заинтересираните Здруженија на граѓани/невладини организации треба да достават пополнет Апликативен формулар и документи за поддршка наведени во Апликативниот формулар во скенирана форма на е- маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org
Прочитајте повеќе за активните мерки на Агенцијата за вработување на следниот линк.
Апликативниот формулар за мерка 7.2 Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, може да се преземе на овој линк.