Секогаш кога кандидирате за работа, заедно со CV-то, треба да испратите одлично мотивационо писмо. Не заборавајте дека овие два документи за аплицирање ви се “влезниот билет ” за понатамошниот процес на селекција.  Мотивациското писмо ви дава можност да му се претставите на вашиот потенцијален работодавач на покреативен и поразличен начин од CV-то, а нашите совети ќе ви помогнат да создате токму такво мотивациско писмо. Ова се 3 чекори кои ќе ви помогнат за таа цел:

Чекор I: Што треба да направите пред да започнете:

1)    Размислете за вашето досегашно искуство  - Направете си список со Вашите способности и достигнувања кои можете да ги поврзете со работно место за кои аплицирате. Ваквата листа ќе ви помогне да добиете појасна слика што треба да истакнете во мотивациното писмо пред да започнете со пишување.

2)    Прегледајте го огласот и барањата кои се наведени и обидете се да размислите како вие одговарате на истите – Поголемиот дел од работодавците нема ни да ја разгледаат вашата биографија ако вашето мотивационо писмо е нејасно и генерализирано, затоа бидете што е можно поконкретни во вашата апликација за работа. Избегнувајте стандарди фрази како „Јас сум вреден работник“ или „Посветен/а сум“. Доколку имате работни искуство зборувајте за способностите кои сте ги стекнале како ваши најголеми квалитети со кои ќе допринесете за компанијата, доколку вие е ова прва потенцијална работа, потенцирајте дека брзо учите како и дека можете да донесете нови и свежи идеи на работното место.

3)    Истражете и научете нешто повеќе за компанијата каде аплицирате и потоа размислете што најмногу ве привлекува да работите таму - запознајте се подобро со целите, репутацијата, партнерите и работната динамика на компанијата за која аплцирате. Со вашиот одговор треба да му покажете на работодавачот зошто сте ја одбрале токму неговата компанија и како истата се совпаѓа со вашите цeли и вредности.

 

Чекор 2 : Структура и содржина на писмото:

1)    Во првиот параграф наведете за кое работно место аплицирате и од каде сте дознале дека компанијата вработува – Обратете повеќе внимание на  воведниот дел од вашето писмо затоа што треба веднаш да го привлече вниманието на оној кој го чита. Посочете од каде сте разбрале за слободното работно место – пријател, вработен во компанијата, весник или реклама, како и за работната позиција за која аплицирате.

2)    Во вториот параграф задржете се на ваши способности кои се релевантни за позицијата, наведете како сте ги стекнале и како ќе ви помогнат да допринесете за компанијата - Вториот параграф ви дава можност да ги опишете вашите претходни работни искуства и какви се обврски сте имале. Наведете го вашите квалификации, способности, постигнувања, но не навлегувајте во детали. Одберете три ваши способности, кои мислите дека би биле високо ценети од компанијата и фокусирајте се на нив. Останатите детали треба да ги посочите во CV-то.. Доколку немате работно искуство напишете за вашето образование и опишете ги вашите квалитети. Напишете како сметате дека тие во комбинација со вашата желба за учење и усовршување ве прават совршен кандидат.

3)    Во третиот параграф наведете што ве мотивирало да аплицирате во компанијата– Во овој параграф демонстирајте дека сте направиле истражување и дека имате познавања за компанијата за која аплицирате. Истакнете што е она што ве мотвира да се кандидирате за таа компанија и како може да придонесете за неа. Со вашиот одговор треба да му покажете на работодавачот зошто сте ја одбрале токму неговата компанија и како истата се совпаѓа со вашите цeли и вредности.

4)    Во завршниот параграф покажете ентузијазам за можноста да работите во компанијата и заблагодарете се за времето одвоено за разгледување на вашата пријава - Ако сте возбудени за можната работа, нема причина зошто да не го споделете ентузијазмот во вашето мотивационо писмо. Регрутерите и менаџерите веднаш ги забележуваат луѓето кои само копирале одредени реченици и оние кои целосно се посветиле на писмото, како причина на желбата за придружување на компанијата.

 

Чекор 3: Oстанати нешта на кои треба да внимавате:

1)    Во горниот дел од листот оставете ваши лични податоци – Започнете го пишувањето на вашето мотивациско писмо со оставање на вашите лични подтаоци  како име и презиме, адреса, телефон за контакт и е-мејл адреса во горниот дел од листот. Иако овие податоци може да се најдат и во вашата биографија (CV) никогаш не е на одмет истите да се надевдат и во самото мотвиационо писмо.

2)    Писмото треба да е кратко, јасно, концизно со должина околу од една страница - Истражувањата покажуваат дека препорачана должина за мотивационо писмо е 250 збора. Доколку ова ти изгледа како премалку водете се горепоменатите компоненти на мотивационото писмо, и притоа водете сметка сето ова да не опфаќа повеќе од една страница. 

3)    Параграфите треба да бидат видливо одвоени – Мотивационото писмо треба да има убав изглед и да биде читко и лесно за ориентирање, затоа погрижете се парафрафите да бидат видно одвоени и избегнете го користите непотребни зборови и информации.

4)    Пред да го испратите писмото темелно проверете го за можни грешки – Кога работодавците читаат десетици мотивациони писма  дневно, печатните грешки  може значително да влијаат вашата апликација да биде селектирана за во купот за одбивање.Проверете го текстот за грешки со помош на програма за Spell Check и потоа пак прочитајте го писмото неколку пати. Доколку имате можност побарајте и мислење од ваш близок кој е во можност да го препрочита