На 29ти март, 2022 година, се отвори првата регионална МладиХаб канцеларија во Штип!

Канцеларијата се наоѓа во просториите на Центарот за култура „Ацо Шопов, a служи како место за работа, вмрежување и организирање на активности што бесплатно ќе им стои на располагање на младите во регионот.

Канцеларијата се отвори во рамки на проектот „МладиХаб - градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување на младите" со поддршка на Општина Штип Македонија и Н.У. Центар за култура "Ацо Шопов" Штип.

Регионалната канцеларија #МладиХаб Штип бесплатно им стои на располагање на сите членки на НМСМ, но и на сите младински групи, здруженија и организации од Источниот регион и околината што имаат потреба од организирање на:

📌 Состаноци и средби

📌 Работилници

📌 Промотивни настани

📌 Изложби

📌 Натпревари

📅 За да го искористите хабот контактирајте ја следната мејл адреса info@frlz.org.mk за навремено да го резервирате просторот на терминот кога ви е потребен.