Првиот хаб е отворен во Скопје, благодарение на поддршката од Претседателот на Република Северна Македонија кој го обезбеди овој простор со цел полесна реализација на проектните и програмските активности.
Хабот бесплатно им стои на располагање на сите членки на Националниот младински совет на Македонија, но и на сите други младински групи, здруженија или организации кои имаат потреба од организирање на:
-Состаноци и средби
-Работилници
-Промотивни настани
-Изложби
-Натпревари
МладиХаб располага со канцелариска опрема, конференциска маса, lounge простор, место за складирање, кујна и тоалети.