Организација на настани

Брзи обуки за дигитални и бизнис вештини, во времетраење од 2 до 4 часа

Првиот циклус од Програмата за општокорисна работа и дигитални вештини го започнуваме во вторник (10ти декември) со обуката за организација на настани.

Предавачот на обуката, Билјана Мечкаровска, доаѓа од Brainster и ќе ни пренесе дел од нејзиното 20-годишно искуство во областа:

  • Клучни логистички аспекти на организација на настани
  • Генерирање публицитет и покритие од медиумите
  • Комуникација со спикери
  • Како да одлучите дали настанот ќе биде бесплатен или не
  • Промоција на настанот со помош на социјални мрежи
  • Организација на волонтери

Tренинг провајдери