Крсте Москов, дипломиран инжинер на Факултетот за компјутерска наука и инжинерство во Скопје, во моментов вработен како Сениор Android Developer со широко познавање на програмирање и развој на апликации со повеќе од 5 години работно искуство во развој на апликации во Java и Android.
На своето работно место тој е тим лидер на неколку тимови во компанијата во која работи. Тој ги води и обучува сите практиканти во компанијата. Како Developer, работи на многу проекти. Сите негови проекти се засноваат на најновата технологија Android, следејќи ги најдобрите практики и новите технологии. Во текот на својата кариера, Крсте има управувано со повеќе проекти, програми и обуки кои се разликуваат по големина и сложеност.
Крсте сака постојано да има нови предизвици и да работи на возбудливи и иновативни проекти.