Туторство

Програмата за туторство ќе им помогне на 30 млади лица кои биле дел од проектот „МладиХаб - Дигитална младина”

Што е Млади Хаб?

Проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” има за цел да придонесе кон професионален развој и економска

независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд.

 

Оваа цел проектот ќе ја постигне преку три

компоненти, и тоа:

‣ Градење практични вештини кај младите што ќе им помогнат да најдат соодветно работно место;

‣ Креирање можности за поврзување на младите со работодавачите и

‣ Обезбедување поддршка за млади за вклучување на пазарот на труд и можности за

нивен личен и професионален развој