Онлајн вознемирување, познато и како виртуелно малтретирање, претставува форма на непријатно и агресивно однесување преку интернет или други електронски комуникациски канали. Таа вклучува испраќање на заплашувачки пораки, распространување на непријатна или унизувачка содржина, лажни профили и слично. Во денешно време, кога интернетот е неизоставен дел од нашиот живот, онлајн вознемирувањата има голема важност поради негативните последици кои може да се предизвикаат. Тоа не само што може да го повреди физичкото и емоционалното здравје на жртвата, туку и може да има трајни последици врз нивната верба во себе. Особено кај децата и младите, онлајн вознемирувањето може да има сериозни последици врз нивното развој.

 

Затоа ве покануваме да се приклучите на нашата работилница за Онлајн безбедност на девојки, водена од експерти од Фондацијата Метаморфозис. Тимот на Метаморфозис е составен од луѓе кои професионално ја работат оваа област, ескпертите имаат долгогодишно искуство. Работилницата ќе биде во траење од два часа и ќе се одржи на 28.03.2024 во МладиХаб. Во текот на оваа интерактивна сесија, ќе разговараме за значењето на вознемиреноста и начините на кои можеме да ја справиме со истата. Во текот на двата часа, ќе имате можност да научите нови техники и стратегии за управување со вознемиреноста, како и да ги споделите вашите искуства и предизвици со останатите учесници.

 

За да се пријавите, ве молиме да ни го потврдите вашето присуство на следниот линк. Ве очекуваме!