Како да аплицираш за мерката Економија на грижа (Мерка 7.2 Обука и вработување)?

Во моментов има две активни мерки од Агенција за вработување во областа на Економија на грижа, објавени во делот на активни огласи. Мерката 7.2 вклучува бесплатни обуки за:

  •  Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза
  •  Асистент/неговател за испорачување на услугата одмена на семејна грижа
  •  Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
  •  Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица

Кој може да аплицира?

Можат да аплицираат сите  невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Кои се условите?

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги кај селектираниот правен субјект/работодавач, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 30 780 мкд;

При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват селектираните субјекти/работодавачи во соработка со Центарот за вработување и УНДП.

Кои ќе ги спроведува обуките?

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања, градови и за следните селектирани правни субјекти/работодавачи:

1.Битола, за  Здружение на граѓани  “Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби”- подружница Битола-  вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  •  7 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  •  7 позиции за асистент/неговател за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

2. Велес, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес -  вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 3 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 6 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна гри

3. Велес, Здружение на граѓани  “Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби”-подружница Велес – вкупно 21 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 10 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 11 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

4. Гостивар, Здружение на граѓани  “Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби”-подружница Гостивар-  вкупно 17 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 6 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 4 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест
  • 7 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

5. Делчево, Хуманитарно здружние за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево – вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 3 позиции за палијативен неговател за болни и изнемоштени лица
  • 6 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа

6. Делчево, Црвен Крст - општинска организација Делчево- вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 14 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

7. Неготино, Црвен Крст - општинска организација Неготино- вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 14 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

8. Радовиш, Црвен Крст - општинска организација Радовиш- вкупно 9 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 9 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

9. Скопје, Здружение за поддршка и развој ХУМАНОСТ Скопје - вкупно 14 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 7 позиции за палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • 5 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест
  • 2 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза

10. Струга, Здружение Центар за подобрување на квалитетот на животот на лица со интелектуална попреченост и нивните фамилии ПОРАКА НОВА Струга- вкупно 29 позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • 8 позиции за асистенти/негователи за испорачување на услуга одмена на семејна грижа
  • 13 позиции за палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • 4 позиции за асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • 4 позиции за асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

Каде можам да аплицирам?

Невработените лица кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти во мерката 7.2 - Обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување се до исполнување на предвидениот опфат.

Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org. Огласот е активен до 08.03.2022 година.

Прочитајте повеќе за активните мерки на Агенцијата за вработување на следниот линк.

До крајот на март секоја година Агенцијата за вработување ги објавува мерките од Оперативниот план за тековната година на својот веб сајт. Таму се објавуваат и мерките од Гаранцијата за млади, па очекувајте повеќе информации на https://av.gov.mk/.

Како да аплицираш за мерката Економија на грижа (Мерка 7.3 Обука)?

Во моментов има две активни мерки од Агенција за вработување во областа на Економија на грижа, објавени во делот на активни огласи. Мерката 7.3 вклучува бесплатни обуки за:

  • Асистент за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест
  • Палијативен неговател за нега на болни и изнемоштени лица

Кој може да аплицира?

Можат да аплицираат сите  невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Кои се условите?

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци организирана во неколку модули и фокусирана на теоретски и практичен дел.

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9 000 мкд, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката. 

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со можност за вработување како давател на социјални услуги, согласно стручната обука со минимален износ на месечна бруто плата од 29180 мкд кај идниот работодавач (невладина организација);

При селекција на пријавените кандидати во обуките критериумите ги утврдуват Центарот за вработување, УНДП и идниот работодавач (невладина организација).

Кој ќе ги спроведува обуките?

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки, а се однесуваат на следните занимања и градови:

1. За територија на град Скопје се објавуваат следните позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

2. За територија на општина Гевгелија се објавуваат следните позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза
  • асистенти за нега на лица со Алцхјмерова болест

3. За територија на општина Радовиш се објавува следната позиција за обука со завршено минимум основно образование:

  • палијативни негователи за болни и изнемоштени лица

4. За територија на општина Гостивар се објавува следната позиција за обука со завршено минимум основно образование:

  • палијативни негователи за болни и изнемоштени лица

5. За територија на општина Прилеп се објавуваат следните позиции за обука со завршено минимум основно образование:

  • палијативни негователи за болни и изнемоштени лица
  • асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза

Каде можам да аплицирам?

Невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за негователи/асистенти во мерката 7.3 Поддршка за претприемништво и формирање на правни субјекти – даватели на услуги за грижа на заедницата, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување се до исполнување на предвидениот опфат.

Детални информации за мерката може да се добијат во надлежниот Центар за вработување, на контакт телефоните: 070 384 046 и 071 329 534 или на е-маил адреса: rabotaimoznosti.mk@undp.org. Огласот е активен до 14.03.2022 година.