Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29-годишна возраст, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по евидентирањето како невработени лица во Агенција за вработување.

Во период од 4 месеци ќе можете повторно да се вклучите во образовен процес во форма на обуки или пак да бидете вклучени во некоја од активните мерки или услуги за вработување.

Кои се услугите кои ги спаѓаат под Гаранцијата за млади?

  • Професионална ориентација и кариерно советување

  • Индивидуално и групно советување

  • Мотивациони обуки

  • Посредување при вработување

Обуки за барање работа

  • Обука на работно место за познат работодавач (во моментот активна)

  • Обука за стручни квалификации според барање на работодавачите

  • Стручни обуки според барање на работодавачите

  • On-line обуки за вештини според барање на работодавачите

  • Обуки за побарувани занимања (во моментот активна)

  • Обуки за возачи за Ц и Д - категорија

  • Обуки за основни и напредни вештини

  • Програми за „втора можност”

  • Обуки за развој на дигитални вештини и напредни IT вештини

  • Обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање) за нелиценцирани спроведувачи на обуки

Програми за вработување

  • Субвенции за вработување млади лица

  • Стимулации за вработување млади лица со попречености

  • Програма за самовработување

Практиканство

  • Шеми за практиканство наменети за млади лица (до 29 години) (во моментот активна)

Повеќе информации за горенаведените можности за млади можете да прочитате во Оперативниот план на Агенција за вработување за 2021 година или пак на нивната веб страница.

До крајот на март секоја година Агенцијата за вработување ги објавува мерките од Оперативниот план за тековната година на својот веб сајт. Таму се објавуваат и мерките од Гаранцијата за млади, па очекувајте повеќе информации на https://av.gov.mk/.