1. Не користете слаба лозинка

Колку и да изгледа чудно, сè уште луѓето ги одбираат лозинки од типот на “123456” или “password” како нивен начин за автентикација, иако тие се рангирани како најслаби низ години. Кога треба да креираш или пак промениш твојата лозинка на некој портал избегнете да користете патерни кои лесно можат да се откриени. Експертите во ИТ безбедност советуваат дека треба да се користат лозинки кои се +12 карактери и кои содржат букви, бројки и други симболи

Table

Description automatically generated

Најкористени 10 лозинки според NordPass

 

Совет: Користете лозинка која е изградена од реченица која ви е омилена пр. ЈасСакамДаЈадамПицаДодекаГледамФилм – J5dJpD6F1203! Практично ги користете првите букви од реченицата за да изградите лозинка и дополнително ги користете бројките за да може да се заменат како букви.

Замена на бројки во букви
1 – I / i
2 – Z / z
3 – E / e
4 – A / a
5 - S /s

6 – G / g
7 – T / t
8 – B / b
9 – Q /q
0 – 0 /o


2. Користете апликација за автентикација.

Секогаш и секаде дозволете да имате втор слој на заштита користејќи апликации за автентикација. Ви ја препорачувам Google Authenticator.


3. Ако има опција за биометричка автентикација, користете ја.

Производителите на мобилните, таблетите и лаптопите се стремат кон воведување на автентикација користејќи отпечаток од прст. Ова не е само за заштита, туку и за скратување на времето за внесување на лозиика.


4. Различни места, различни лозинки

Многу е полесно кога користете една комбинација од лозинка/корисничко име и го внесувате на различни места. Полесно е да се запамети и спречува да ја заборавите. Но бидете свесни дека тоа ве прави полесна мета за пробивање на лозинките.


5. Користете апликација или софтвер за менаџирање на лозинки.

Овој софтвер дозволува да ги следите ризичните варијанти на корисничко име и лозинка. Ќе ви ја зголеми безбедноста и ќе ви заштеди време за автентикација на различни места. Исто така ќе можете да го користете на различни уреди. Има повеќе опции за ваков софтвер јас би ви препорачала LogMeOnce, Dashline, Norton, LastPass.


7. Внимавајте на phishing

Пред се сакам да објаснам што значи phishing – претставува криминален акт на интернет во кој таргетот или таргети се контактирани преку е-пошта, телефон или порака(СМС).

Како да се заштитите?

Кога ќе ви пристигне порака која ви е сомнителна како што имаше примери кај нас “Добивте најнов iPhone”, дека сте Добитници на “Викенд во Банско за двајца” или пак од вашата Банка/Пошта имате добиено средства па да оставите ваша картитчка за да ги испратат, вакви и многу други примери означуваат дека многу е голема веројатноста да станува збор за phishing и НИКОГАШ немојте да ги отворате линковите или пак да ги превземете датотеките кои се прикачени на таа порака.
Ќе препознаете по тоа што најчесто е-mail адресата од испраќачот е многу слична од местото.


Бонус совет:

Кога ќе се логирате на вашиот е-банкарски систем или пак на социјалните мрежи ПРОВЕРЕТЕ дали URL-то или пак доменската адреса е валидна е вистинската на која треба да се логирате.


8. Секогаш ажурирајте го софтверот.

Понекогаш можеби и дневно сме известени дека некоја програма има барање за ажурирање на софтвер. Најлесно е да го одложиме тоа, но со тоа се ставаме на ризик себе си. Кога некој софтвер бара ажурирање особено после некој поголемо надоградување станува збор за ново ажурирање во кое можеби е вклучено нешто што ја подобрува безбедноста.

Овој текст е подготвен од нашата учесничка на обука Илинка Ставрова

Илинка Ставрова: Сакам да Им се заблагодарам на укажаната можност на MladiHub за моите нови знаења во областа на ИТ безбедноста, доколку сакате да научите нови ИТ вештини посетете ги ( https://www.facebook.com/mladihub ) и дознајте повеќе за нивните обуки кои ги добивате бесплатно доколку придонесите со општокорисна работа.